Dave`s Kitchen: Колач со брусница и јаткасти плодови

Нема ништо подобро од тоа да се започне утрото со вкусен меден колач од брусница и јаткасти плодови.

Овој четврток Давор од Dave's Kitchen го има совршениот рецепт за тоа како утрото да ви започне во полн сјај.

Потребни состојки:

  • 420 гр. брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 130 гр. шеќер
  • ¼ лажичка мелено каранфилче
  • 5 јајца
  • сок и кора од 1 портокал
  • 180 мл. масло за јадење
  • 240 мл. млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 150 гр. сува брусница
  • 100 гр. сечкани бадеми

Начин на подготовка:

Во длабок сад најпрво промешајте ги заедно сувите состојки: брашното, содата, солта, шеќерот и меленото каранфилче.  Во друг длабок сад промешајте ги заедно влажните состојки: јајцата, сокот и кората од портокал, маслото за јадење, млекото и екстрактот од ванила.

Во садот со сувите состојки додадете ги влажните и промешајте со жица за матење. Внимавајте да не ја измешате смесата премногу. Додадете ја сувата брусница и исечканите бадеми.

Смесата префрлете ја во два калапи за векни, кои претходно ќе ги премачкате со путер. Печете на загреана рерна од 180 степени околу 45-50 минути или додека не добие убава златно кафена боја.

Давор ви посакува добар апетит и забавно готвење!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби