Dave`s Kitchen: Торта со палачинки

Кој не посакува топли палачинки премачкани со вкусен фил?

Давор од Dave’s Kitchen го има совршениот рецепт за тоа како да подготвите одлична торта со палачинки.

Потребни состојки:

За 30-35 палачинки.

  • 9 јајца
  • 750 мл. млеко
  • 750 мл. кисела вода
  • 750 гр. брашно
  • 3 лажички ванила
  • 2 лажици капучино со вкус на Ирско кафе
  • 1 лажичка сол
  • 6 лажици шеќер
  • 12 лажици растопен путер

За кремот:

  • 750 мл. слатка павлака
  • 3 лажици капучино со вкус на Ирско кафе
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 3 лажици шеќер во прав

Начин на подоготовка:

Најпрво подгответе ги палачинките.
Во длабок сад промешајте ги со миксер сите состојки и пржете ги палачинките во тава на загреано масло од двете страни по 2-3 минути. Оставете да се изладат.

Подгответе го филот така што слатката павлака ќе ја изматите заедно со капучиното, екстрактот од ванила и шеќерот во прав.
Редете ги палачинките една врз друга премачкани со фил. На крајот нанесете од филот и декорирајте со какао.
Послужете со топло чоколадо или пак со кремав ликер.

Повеќе рецепти од кујната на Давор можете да пронајдете на неговата Facebook страна за готвење Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби