Чоколадна торта за појадок помага при слабеењето?

Уште од деца нè имале научено дека чоколадна торта се јаде за некој повод (вообичаено роденден) и тоа никогаш наместо ручек или вечера, туку после некој од оброците.

Сега, студија од универзитетот во Тел Авив вели дека јадењето торта за појадок им помогнало на оние кои држеле диета да ослабат.

За потребите на студијата истражувачите собрале 193 возрасни личности со преголема тежина, од кои на половина им било доделено да консумираат обилен појадок (од 600 калории) кој вклучувал десерт како колач, парче торта, или крофна, додека другата половина јадела појадок од 300 калории.

И двете групи внесувале еднаков број на калории – 1600 дневно мажите и 1400 жените, а групата која имала обемен појадок имала помалку калорична вечера (300-400 калории) во споредба со другата група.

По 16 недели партиципантите во двете групи изгубиле скоро идентичен број на килограми, а им било сугерирано по завршување на студијата да се придржуваат на истиот вид на исхрана.

Групата која го јадела помалиот појадок повратила во просек 11kg, додека оние со обемниот појадок изгубиле во просек дополнителни 6kg – уште еднаш потврдувајќи дека појадокот навистина е најважниот оброк во денот.

Уште поинтересен е фактот што групата која појадувала со десерт имала пониско ниво на грелин (хормонот кој го стимулира апетитот), и помалку огладнувала во текот на денот.

Причината за ова е што по будењето, на мозокот веднаш му е потребна енергија и во тој период од денот телото храната ја конвертира во енергија додека подоцна во денот ја складира во маснотии, а десертот наутро вообичаено ја намалува потребата за јаглехидрати подоцна во денот.

Секако, константно внесување на рафиниран шеќер и брашно во телото не е добро за никого, така да јадењето парче торта по појадок от дефинитивно не треба да ви стане секојдневна навика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби