ИЗВЛЕЧЕТЕ ПОБОГАТ ВКУС

Dave`s Kitchen советува: Совети за готвење месо

Оваа недела Давор од Dave`s Kitchen со вас и нас споделува неколку практични совети за готвење на месо.

Месото е често застапено во македонската традиционална кујна а и во помодерното готвење, па не е лошо совет, два да ви се најдат доколку имате проблем при готвењето со оваа намирница.

1. Загрејте ја тавата добро за да го истакнете вкусот на месото

Пред да започнете со пржење на месото, бидете сигурни дека тавата е добро загреана и маслото во неа исто така. Ставете го парчето месо да се запржи на врелото масло, на тој начин ќе се создаде цврста крцкава кора која во себе содржи многу вкусови. Оставете го две до три минути (во зависност од дебелината), па потоа превртете го и од другата страна.
За да бидете сигурни дека месото ќе добие рамномерно златно кафена боја пред да го ставите во тавата треба да е комплетно суво. Поминете го со кујнска хартија пред да го готвите, особено замрзнатото месо кое се одмрзнало. Користете путер за да го извлечете максималниот вкус.

2. Користете разни зачини за да го збогатите вкусот

За да добиете дополнителен, по малку и медитерански вкус на јадењето додадете изгмечен лук, гранчиња мајчина душичка, рузмарин или пак оригано во месото кое го приготвувате. Доколку подготвувате маринада претходно, ставете ги овие билки во самата маринада, па на тој начин ќе добиете подобар вкус.

3. Месото нека „одмори“ по готвењето

Кога ќе го зготвите месото, без разлика дали ќе го пржите или печете, веднаш штом биде готово покријте го со алуминиумска фолија за да можете да извлечете многу подобар вкус. На овој начин пареата од месото не оди никаде туку се враќа во самото месо, го збогатува вкусот и добива поголема сочност. Течностите ќе се задржат во месото и ќе имате чинија полна вкусови. 

Пронајдете вкусни рецепти од кујната на Давор на неговата официјална ФБ страница Dave`s Kitchen



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби