Грешки кои се прават при готвење риба

Рибата е исклучително здрава храна, но поради грешките кои често се прават при нејзиното готвење нејзината хранлива вредност може да се намали. Еве што треба да избегнувате при готвење риба:

1) Недоволно загревање на тавата

Тавата (или плотната за скара) треба да биде доволно загреана. Кога протеините од студената риба доаѓаат во контакт со врелиот метал, тие формираат хемиски врски кои екстремно тешко се прекинуваат. Кога готвите риба во тава или на плотна, бидете трпеливи. Тавата загревајте ја на средна температура 3 до 5 минути пред во неа да ја ставите рибата, бидејќи кога тавата е загревана рибата многу полесно се превртува без да се залепи за неа.

2) Предолго готвење

Премногу долгото готвење ќе предизвика сушење на рибата и губење на нејзините природни вкусови. Затоа, внимавајте месото да биде цврсто и скоро бело, но сè уште делумно проѕирно во средината – тоа е моментот кога треба да престанете со готвењето.

При готвењето лосос, некои од протеините со бела боја почнуваат да протекуваат бидејќи коагулирале, што резултира со бели линиии на рибата – што е моментот кога треба да престанете со нејзиното готвење.

3) Неправилно ја одмрзнувате

Одмрзнувањето на собна температура или со топла вода овозможува зголемување на бројот на бактерии. Наместо тоа, одмрзнувајте ја 4-5 часа во фрижидер, а доколку е потребно бргу да ја одмрзнете, ставете ја во пластична вреќичка која се затвара и потопете ја во сад полн со многу студена вода 20-30 минути.

4) Не ја прегледувате детално пред купување

Започнете од очите – тие треба да се чисти и јасни, а не замаглени/матни. Исто така, рибата треба да е светкава, без „лиги“ на површината, бидејќи тоа е знак дека месото почнало да се распаѓа. Свежото месо е цврсто и откога ќе се притисне треба да се врати во првобитната форма, а не да остане дупка на местото каде што сте притиснале, а мирисот треба да и е „морски“ а не интензивен и „рибен“ – тоа е знак дека маснотиите почнале да оксидираат поради старост или распаѓање.

5) Ја лупите пред готвење

Рибата најлесно се лупи доколку ја готвите со кожата на долната страна, бидејќи високата температура ги ослободува врските помеѓу слојот маснотии кој се наоѓа меѓу месото и кожата – меѓутоа ова варира меѓу разните видови риба. На пример, лососот секогаш треба да се готви со кожа за да е што покрцкава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби