Dave`s Kitchen: Куглоф со сушени јаболка

Давор од Dave`s Kitchen споделува еден лесен и брз рецепт за вкусен куглоф кој се подготвува само за 5-10 минути не сметајќи го времето за печење.
Одличен за овој период од годината исполнет со топли зачини како цимет, мускатно оревче, а сушените јаболка даваат одличен финиш на целиот рецепт.



Потребни состојки:

  • 240 гр. брашно

  • 2 лажички прашок за печиво

  • 1 лажичка сол

  • 1 1/2 лажичка цимет

  • 1 1/2 лажичка сув ѓумбир во прав

  • 1/2 лажичка мускатно оревче

  • кора од 1 портокал

  • 250 гр. светло кафен шеќер

  • 180 мл. масло за јадење

  • 50 мл. мед

  • 4 јајца

  • 120 гр. џем од јаболка или кајсија

  • 1 лажичка екстракт од ванила

  • 120 мл. вода

Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте ги брашното, прашокот за печиво, солта, циметот, ѓумбирот, мускатното оревче и кората од портокал.

Во друг длабок сад со помош на жица за матење промешајте ги заедно  шеќерот, маслото за јадење, медот, јајцата, џемот, ванилата и водата. Во садот со влажните состојки додадете ги сувите состојки и промешајте додека не добиете убава хомогена смеса.

Вака подготвената смеса претурете ја во претходно премачкан со масло и набрашнет куглоф и печете на загреана рерна од 170 степени околу 35-40 минути.

Декорирајте со суви парчиња јаболки кои ќе ги подготвите на тој начин што во загреана рерна од 80 степени ќе ги сушите околу 1 час од едната страна, па 1 час од другата страна.

Повеќе идеи за тоа што вкусно да подготвите во кујната погледнете на официјалната ФБ страна на Давор, Dave`s Kitchen.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби