Dave`s Kitchen: Забавни совети за готвење

Овој вторник нешто ново од Давор и Dave`s Kitchen. За сите оние кои сакаат да се забавуваат додека готват Давор има одлични совети за тоа како готвењето да не ви биде повеќе обврска туку задоволство.

1. Тестенини во различни бои

Бидете поинакви и подгответе мулти колоритна паста за следниот ручек. Ова, особено ќе биде интересно и забавно за децата, а и со сигурност нема да го одбијат оброкот доколку видат нешто ново и шарено. Пастата можете да ја обоите така што, сварените шпагети или макарони ќе ги поделите во неколку сада (во зависност колку бои ќе користите) и ќе ги обоите со прехранбена боја. Потоа во еден поголем сад ќе ги споите и ќе го полеете вашиот омилен сос.

2. Пржење јајца во прстени од пиперка

Ви се смачи од подготовката на пржени јајца на еден ист начин и сакате да испробате нешто ново? Тогаш овој совет ќе ви биде добредојден. Исечете неколку парчиња пиперка или пак прстени од кромид  и ставете ги да се загреат во тава на малку путер. Искршете ги јајцата директно во прстените пиперка или кромид, зачинете и поклопете со капак. Ова е и одличен начин за тоа како повеќе да консумирате зеленчук.

3. Омекнете го путерот на брзина

Колку би било совршено утрото доколку започне со лепче премачкано со путер и домашен џем од кајсија. Понекогаш ова задоволство ни го спречува путерот кој е премногу стегнат поради тоа што го чуваме во ладилникот. Сепак, постои начин како да си го направите задоволството – француски појадок. Изрендајте го путерот на најситниот дел од рендето и тогаш премачкајте го на лебот.

За повеќе идеи за тоа што вкусно да подготвите, посетете го ФБ профилот на Давор , Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби