Храна за која никогаш не би претпоставиле дека содржи глутен

Доколку имате состојба како Кроновата болест и мора да го избегнувате глутенот, обрнете внимание на оваа храна која треба да ја избегнувате, а за која никогаш не би претпоставиле дека го содржи:

1) Кисели краставички

Во процесот на ферментација кој се користи за краставичките се користат некои форми на оцет добиени од јачменов слад, кои за разлика од другите не се дестилирани што значи дека глутенот е сè уште присутен и во крајниот продукт.

2) Виршли и други колбаси

Доколку на етикетата не пишува дека немаат глутен, тогаш не претпоставувајте дека го нема. Иако рецептите за овие продукти варираат, голем дел од нив вклучуваат трошки леб.

3) Помфрит

Доколку самите не го правите дома туку го нарачувате во сендвичара или ресторан, никогаш не можете да сте сигурни дали во истата фритеза не биле пржени и други продукти како прстени кромид, пилешки грутки, парчиња риба или било каква друга храна премачкана со презли, освен ако ресторанот нема фритеза наменета исклучиво за безглутенска храна.

4) Супи

Супите со пилешко и кнедли може да се безглутенски, но доколку тоа не е пишано на етикетата, најверојатно го содржат. Многу супи се згуснувани со брашно или содржат состојки со глутен како што се нудли. Ова важи и за свежите супи или за оние во кесички/конзерви.

5) Чипс

Чипсот, особено оној со разни зачини, најверојатно содржи глутен. Некои рецепти го користат и оцетот кој се употребува и за ферментирање на краставичките.

6) Пиво

Многу традиционални стилови за правење пиво вклучуваат пченица и/или јачмен во процесот. Меѓутоа, на пазарот може да се најдат и пива со редуциран глутен, како и онакви кои воопшто не го содржат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби