Која храна предизвикува проблеми со варењето?

Познат несакан ефект од лошото варење на храната се гасовите, болките во стомакот и слично,  а причината за тоа најчесто е храната.

Нашиот дигестивен систем е дом на милјарди микроби кои помагаат храната да се свари и цревата да бидат здрави, а тоа лесно можеме да го пореметиме доколку јадеме храна која лошо влијае на бактериите во стомакот.

1) Вештачки засладувачи



Една студија открила дека кога луѓето консумираат вештачки засладувачи – аспартам, сукралоза и сахарин – имало промени во стомачните бактерии кои го контролираат метаболизмот. Тоа може да доведе до разни гастроинтестинални проблеми, вклучувајќи и зголемено конвертирање на храната во маснотии.

2) Карагенан



Не секоја состојка во природната храна е добра. Карагенанот кој се добива од морската алга и се користи како стабилизатор во органската и природна храна како млекото од соја, немасниот јогурт, сосови за салата, сладоледи и слично може да предизвика проблеми во стомакот како што се разни воспалувања.

Тоа не значи дека треба комплетно да се избегнуваат овие продукти, туку нивното консумирање да се лимитира (на пр. на една шолја таков јогурт дневно).

3) Брокула



Зеленчуците како брокулата и карфиолот содржат комплексни шеќери кои не можат да се сварат, наречени рафиноза, кои создаваат гасови во стомакот. Тие исто така се богати и со растворливи влакна кои не се разложуваат додека не стигнат во тенкото црево и кои исто така создаваат гасови. Затоа, не претерувајте со оваа храна и доколку ви создава проблеми, размислете за користење на дигестивен суплемент кој содржи ензими кои помагаат за нејзино подобро варење.

4) Храна без шеќери



Мастиките и разната храна која се рекламира дека нема (“штетни“) шеќери содржи сорбитол, малтитол, ксилитол и останати шеќерни алкохоли кои предизвикуваат подуеност, гасови и лаксативен ефект кога се внесуваат во големи количини (како на пример sugar-free гумените бонбони). Покрај тоа, ваквите мастики го стимулираат желудникот да лачи киселина која во тој момент не му треба, што допринесува за развивање на чиреви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби