Оброци за доцна навечер кои се здрави

Без разлика дали лежите или работите од дома доцна навечер, сигурни сме дека сте огладнеле во доцните часови и сте се мислеле дали да јадете нешто пред да си легнете.



Од една страна, премногу храна може да му смета на спиењето, но од друга истото се случува и доколку сте гладни.

Затоа, нутриционистите препорачуваат малечок оброк од околу 150-200 калории, кој треба да е мешавина од јаглехидрати, протеин и маснотии – работи кои бавно се варат и кои нема нагло да го кренат нивото на шеќерот во крвта, кое откога (нагло) ќе се намали ќе ве направи повторно гладни.

1) Пуканки

Пуканките имаат многу малку калории – секако, доколку не им додадете „еден тон“ путер.

2) Јагоди и темно чоколадо

Неколку парчиња темно чоколадо во комбинација со јагоди е доволно да го угаси поривот за нешто слатко во доцните часови. Се препорачува околу 28gr. чоколадо со половина шолја јагоди, бидејќи темното чоколадо содржи и кофеин па не смее да се претерува со него.

3) Кефир

Шолја кефир во комбинација со ванила или цимет има околу 100 калории и 8 грама протеин – идеално како за пред легнување.

4) Ф`стаци

Ф`стаците содржат здрави маснотии и влакна, а и заситуваат, па се идеални за грицкање доцна навечер. Доколку пак се јадат по обемен оброк (како вечера), помагаат во редуцирање на накачувањето на шеќерот во крвта.

5) Кашкавал и овошје

Ваквиот оброк нуди баланс помеѓу јаглехидрати, маснотии и протеини, а овошјата се богати и со растворливи влакна кои го забавуваат варењето.

6) Банана

Бананите се богати со калиум кој помага за смирување на мускулите (особено по физички напорен ден).

7) Хумус и моркови

Хумус во комбинација со моркови (или зеленчук во ваш избор) е одличен оброк кој заситува но не е претежок, а е добра комбинација од протеин, маснотии и јаглехидрати. Хумусот содржи и триптофан, кој помага за смирување што пак води до подобар сон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби