5 причини да јадете повеќе цвекло

Цвеклото го има во лето, есен и зима, и е храна одлична за здравјето на целото тело.

Еве 5 причини тоа да биде чест дел од вашата исхрана

1) Го намалува крвниот притисок

Цвеклото е богато со нитрати, кои се конвертираат во азотен оксид во телото, кој пак помага во ширењето на крвните садови и намалување на крвниот притисок.

2) Ја зголемува енергијата

Бидејќи азотниот оксид ги шири крвните садови, тоа значи и дека помага да се донесе повеќе кислород во мускулите што овозможува подолго вежбање.

3) Ја подобрува функцијата на мозокот

Цвеклото овозможува доток на повеќе кислород во мозокот, што ја подобрува неговата функционалност и здравје.

4) Корисно е за варењето



Една шолја цвекло содржи околу 3.5 грама влакна, претежно нерастворливи, кои спречуваат запек бидејќи ја движат храната низ дигестивниот тракт и ја зголемуваат нејзината количина, што помага при нејзината елиминација.

5) Полно е со антиоксиданси

Црвено-виолетовата боја на цвеклото е резултат на големата количина антиоксиданси – молекули кои помагаат во спречување одредени болести борејќи се против слободните радикали.

Еден особено потентен антиоксидант е беталаинот кој е дури и поефикасен против слободните радикали од витаминот Ц и одредени антоцијанини.

Инаку, доколку јадете преголеми количини цвекло, може да се развие состојбата наречена „битурија“ (бит = beet = цвекло). Се работи за црвеникава боја на урината, резултат на премногу цвекло. Истиот случај е и со изметот, кој може да има црвеникава боја како резултат на количината цвекло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби