Храна која треба да ја јадеме најмалку еднаш неделно

Доколку нездраво се храниме и во организмот не ги внесуваме потребните хранливи состојки (и во доволни количини), можни се разни здравствени компликации како срцев или мозочен удар, дијабетес, заболување на црниот дроб и сл. За нивна превенција, еве која храна се препорачува да биде на вашата трпеза најмалку еднаш неделно:

1) Аспарагус

Ниското ниво на витаминот Б12 е вообичаено кај пациентите со депресија, а разни студии покажале дека недостатокот на овие основни хранливи материи може да ја инхибира ефективноста и на антидепресивите.

Една шолја аспарагус (околу 10 стебленца) има 50% од препорачаната дневна доза Б12.

2) Авокадо

Авокадото е извор на моно и полинезаситени масти кои го намалуваат LDL холестеролот (за 17%) и нивото на триглицериди (за 20%), а зголемуваат здравиот HDL холестерол. Скорешни истражувања покажале дека авокадото е корисно и за третирање хипертензија (висок крвен притисок)

3) Моркови

Ризикот од зголемување на простатата се намалува со храна богата со бета-каротен, пигмент кој го има во морковите и слаткиот компир кој им ја дава портокаловата боја. Една студија покажала дека мажите кои консумирале големи количини храна богата со него имале најмал ризик од рак на простата.

4) Зелен чај

Зелениот чај е богат со фенолни киселини и флавоноиди, два антиоксиданси кои го штитат телото од штетните слободни радикали и оксидативниот стрес. Овие антиоксиданси можат да го редуцираат создавањето на канцер на градите, колоректални или на простата.

5) Путер од кикирики

Кикириките имаат многу низок гликемиски индекс и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.

6) Лосос

Полн со протеин, здрави маснотии и Б витамини, лососот може да го редуцира ризикот од срцеви заболувања. Омега-3 масните киселини, пак, го редуцираат згрутчувањето на крвта, го намалуваат нивото на триглицериди и ризик од коронарни артериски заболувања.

7) Сос од домати

Доматите се вкусни во лето, но не и преку цела година. Затоа сосот од домати е одлична алтернатива за тоа. Доматите се богати со ликопен кој го намалува ризикот од канцер на простата, дебело црево, или панкреас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби