Какаото, наречено и „храна на боговите“ од древните цивилизации како Маите и Ацтеките, не е само задоволство за сетилата, туку и моќен природен лек. Се разликува од чоколадото, бидејќи не содржи шеќери и адитиви, туку го задржува природниот состав на антиоксиданти, минерали и активни соединенија.
Моќен антиоксиданс и заштитник на срцето

Какаото е еден од најбогатите природни извори на флавоноиди, особено епикатехини, кои имаат силно антиоксидативно дејство. Овие соединенија го намалуваат воспалението, го подобруваат протокот на крв и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на какао може да го регулира крвниот притисок и да ја зголеми еластичноста на крвните садови.
Подобрување на расположението и функцијата на мозокот
Какаото содржи фенилетиламин (PEA) – соединение што го стимулира лачењето на ендорфини и серотонин, хормони на среќата. Ова може да помогне при симптоми на депресија, анксиозност и стрес. Освен тоа, флавоноидите во какаото ја подобруваат циркулацијата во мозокот, што може да ги засили когнитивните функции, концентрацијата и меморијата.
Природен енергетски подигнувач
Иако какаото содржи минимално количество кофеин, присуството на теобромин – природен стимуланс, му дава нежно, но постојано чувство на енергија без нагли падови како кај кафето. Теоброминот делува релаксирачки на мускулите и подобрува расположение, без да предизвика нервоза или несоница кај повеќето луѓе.
Богатство на минерали
Kакаото е извонреден извор на магнезиум, минерал кој е неопходен за функцијата на нервниот систем, мускулната релаксација и здрави коски. Исто така содржи железо, цинк, манган, калиум и калциум, што го прави совршен додаток за одржување на целокупната виталност и имунитет.
Како да го консумирате?
Најдобар ефект се добива со органско, сурово какао во прав, растворено во топла вода или растително млеко, без шеќер. Може да се збогати со цимет, чили, ванила или малку мед. Важно е да се избегнува какао со додатоци, бидејќи го губи најголемиот дел од своите здравствени својства.