Здравствени придобивки од мангото

Мангото е познато како „крал на овошјата“. Иако е полно со шеќери (една шолја има околу 25 грама јаглехидрати и 100 калории), ова овошје нуди многу здравствени придобивки како:

1) Помага при заштитата од канцер



Мангото е богато со разни видови полифеноли, состојки кои имаат антиоксидантна активност која ги штити клетките од оштетување на нивната ДНК, што може да доведе до дегенеративни болести, вклучувајќи ги тип 2 дијабетесот и разните канцери. Во истражувања врз животни, антиоксидансите од мангото го потиснале растот на клетки од рак на дојка.

2) Го подобрува имунолошкиот систем



Една шолја манго задоволува една четвртина од дневната потреба од витаминот А, кој е есенцијален за правилно функционирање на имунолошкиот систем, како и за создавање и активноста на белите крвни клетки. Недостатокот од овој витамин е поврзан со зголемена подложност кон инфекции.

3) Го подобрува здравјето на кожата и косата



Витаминот А е клучен и за развивање и одржување на разни видови епителни ткива како кожата, косата и лојните жлезди кои се закачени на фоликулите на влакната, помагајќи на косата да остане навлажнета и здрава. Една шолја манго содржи 75% од дневниот минимум на витамин Ц, потребен за создавање на колаген, вид на ткиво кое ја дава еластичноста на кожата и го спречува создавањето на брчки.

4) Ја олеснува констипацијата



Во студија врз луѓе со хронична констипација (запек), јадењето манго се покажало покорисно отколку земање на еквивалентна количина влакна. Важно е да се напомене дека мангото кај некои може да предизвика подуеност и гасови, особено кај оние со синдром на иритирани црева.

5) Ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта



Во студија која траела 12 недели, 20 мажи и жени со преголема тежина јаделе 10 грама мелени суви лушпи од манго секој ден. По нејзиното завршување било заклучено дека сите партиципанти имале намалено ниво на гликоза во крвта.

6) Го подобруваат здравјето на очите



Антиоксидансите лутеин и зексантин кои ги има во мангото им помагаат на очите на неколку начини. Го зголемуваат визуелниот контраст, ја олеснуваат непријатноста од отсјајот и го редуцираат времето кое на очите им е потребно да се опорават од стресот од силна светлина. Исто така ги заштитуваат очите и од штетните ултравиолетови зраци и се борат против или ја забавуваат прогресијата на катаракта и макуларната дегенерација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби