Dave’s Kitchen: Домашна супа од домати

Есента веќе пристигна, а на нас ни преостанува да и кажеме добредојде со оваа превкусна супа од домати.

Одличен начин како да се загреете во текот на студените денови кои доаѓаат. Оваа супа од домати е посна, одлична за вегани и вегетаријанци.



Еве како да ја подготвите.

Потребни состојки:

  • 4 домати јабучари

  • 3 пиперки ајварки

  • 3 чешниња лук

  • 2 мали главици кромид

  • Сол и мелен црн пипер

  • Маслиново масло

  • 500 мл. вода

  • 1 посна коцка за супа

Начин на подготовка:

Во тавче за печење најпрво ставете ги доматите исечени на половина, чешнињата лук и пиперките исечени на парчиња да се испечат околу 30 минути на 200 степени, загреана рерна.

Во тенџере на оган ставете малку маслиново масло и запржете го кромидот исечкан на покрупни парчиња. Откако ќе се испечат доматите, пиперките и лукот додадете ги во тенџерете со запржениот кромид. Додадете ја водата и коцката посна супа. Посолете по вкус и додадете мелен црн пипер по вкус. Оставете течноста да дојде до точка на вриење и тогаш префрлете ја во блендер целата смеса или ако имате помал блендер, блендирајте на два три пати. Изблендираната супа вратете ја во тенџере и оставете да се крчка околу 10 минути.

Сервирајте со неколку капки маслиново масло, свеж босилек и две стапчиња грисини.

За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби