Белиот компир како дел од вашата исхрана

Белите компири имаат богата нутриционистичка вредност, а еден среден компир има околу 130 калории, 4гр. протеин, 0гр. масти, 37гр. јаглехидрати, 4гр. влакна, 2гр. шеќер, 2гр. железо, 48мг. магнезиум, 926мг. калиум и 121гр. фосфор.

Тоа значи дека еден среден компир има една четвртина од дневната потреба од калиум, минерал кој го одржува крвниот притисок и здравото ниво на шеќерот во крвта, покрај тоа што ја подобрува густината на коските и го намалува ризикот од камења и песок во бубрезите.



И покрај тоа што се полни со јаглехидрати, белите компири се богати и со влакна – што прави огромна разлика. Влакната ја забавуваат апсорбцијата на природните шеќери, па така нивото на шеќер во крвта останува стабилно наместо нагло да се крева и спушта – што резултира со долготрајна енергија. Околу половина од влакната се во лушпата, па поради тоа не ги лупете пред да ги зготвите.

Во одредени ситуации, лебот или тестенините можете да ги замените со компир, бидејќи има многу помалку калории од нив, а повеќе заситува поради отпорниот скроб – вид јаглехидрат кој се однесува како влакната.



Влакната придонесуваат и за намалување на холестеролот, крвниот притисок и воспаленијата, а влијаат добро и на стомакот бидејќи ги хранат здравите бактерии во него што промовира поздрав микробиом.

Белите и слатките компири имаат сличен број на калории и влакна, но белиот има  повеќе хранливи состојки  како калиумот, магнезиумот, фосфорот и фолатите. Слатките компири, пак, се богати со антиоксиданси и антоцијанини, кои ги нема во белите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби