Што му се случува на телото кога прескокнувате оброци?

На секого може да му се случи да се успие, па да мора да го прескокне појадокот, или да не руча кога е на работа поради разни неодложни обврски или состаноци.

Иако реакцијата на телото на ова зависи од староста, здравјето, исхраната и нивото на активност, прескокнувањето на оброк има последици и добри, но и лоши.

1) Ќе изгубите на тежина, но само доколку тоа го правите на правилен начин



Прескокнувањето оброци подолг временски период е познато како „ наизменично постење“ (intermittent fasting), и може да има неверојатни здравствени придобивки, како слабеење.

Но, постои правилен и неправилен начин тоа да се прави. Правилниот начин е оптимизирање на оброците во текот на денот, така да појадокот е најобемен, ручекот просечен (и да се јаде 5-6 часа по појадокот), а потоа вечерта да се прескокне, т.е да се „пости“. Неправилниот начин е да се прескокнуваат оброци, но потоа истото да се надополни со прејадување во текот на денот.

2) Ќе се чувствувате помалку надуени

Еден од позитивните ефекти на прескокнување на оброци е намалување на чувството на надуеност, бидејќи наизменичното постење на дигестивниот систем му дава време да ја процесира храната која што веќе се наоѓа во телото.

3) Ќе се чувствувате уморни и со лошо расположение



Причината за ова е намалувањето на нивото на гликоза во крвта, народски кажано „паѓање на шеќерот“. Поради тоа, доколку се решите за наизменично постење или сте приморани да прескокнете оброк, се препорачува во себе да имате некоја храна која подолго време ќе ве држи сити (како протеински барови и сл.).

4) Може да си го продолжите животот

Според една студија за клеточниот метаболизам од 2018-та, истражувачите откриле дека машките глувци кои биле ставени на исхрана која вклучувала често прескокнување оброци биле поздрави и живееле подолго од глувците кои јаделе почесто. Тие исто така имале помалку болести поврзани со стареењето, како проблеми со црниот дроб или метаболитички пореметувања.

5) На подолг период слабеењето е скоро еднакво како она кое се постигнува со здрава исхрана (без постење).

Во студија од 2017-та било заклучено дека постојаната здрава исхрана во споредба со исхрана со наизменично постење, за подолг период дава слични резултати во поглед на слабеењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби