4 причини зошто е подобро да се јадат повеќе помали оброци дневно

Долго време трае дебатата дали е подобро да се јадат 3 оброци дневно или повеќе помали. За индивидуалците кои што се занимаваат со разни спортови, победникот е второто, од неколку причини.



Три (големи) оброци дневно може да ве направат да се чувствувате тромаво, бидејќи варењето на големите порции може да предизвика замор и подуеност, што потенцијално може да доведе до здравствени проблеми како инсулинска резистентност.

Покрај овие физиолошки проблеми, јадење на три големи оброци дневно претставува проблем за повеќето активни луѓе кои едноставно немаат време кога да ги подготват, да седнат и да ги консумираат.

Еве на што сè позитивно влијае јадењето на повеќе помали оброци

1) Нивото на енергија

Јадењето на неколку помали оброци на телото му овозможува постојана доза на енергија во текот на целиот ден. Спортистите особено имаат корист од ова бидејќи јаглехидратите се голем дел од нивната исхрана. Нив телото ги конвертира во гликоза за енергија, но кога се јадат големи оброци телото може да се „преплави“ со гликоза, што предизвикува нагло кревање и спуштање на инсулинот што пак води до кревање и спуштање на енергијата како и поинтензивно чувство на глад, особено на храна која содржи шеќери. Со консумирање на помали оброци на правилни временски интервали, се одржува стабилноста на нивото на инсулин.

2) Варење на храната

Секој пат кога јадеме, крвотокот се пренасочува од другите делови на телото во стомакот за да помогне на варењето. Кога оброците се големи, тоа побарува пренасочување на поголема количина на крв кон стомакот што значи таа се пренасочува од екстремитетите (што ги намалува перформансите во вежбањето) и мозокот (што предизвикува „замагленост“ на умот). Помалите, но почести оброци се помалку стресни за гастроинтестиналниот систем.



3) Метаболизмот

Големите оброци може да имаат негативно влијание на тежината поради тоа што креираат замор и желба за слатко. Кога немаме изедено обилен оброк, можеме полесно да се движиме и согоруваме калории, а истражувањата покажале дека оние кои јадат 6 и повеќе пати дневно имаат подобар квалитет на исхраната и понизок индекс на телесната маса (BMI).

4) Перформансите

Јадењето на помали оброци во текот на денот ни помага подобро да го таргетираме внесот на хранливи материи во однос на вежбањето – на пример, јаглехидрати пред и протеин по тренингот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби