Најголеми митови поврзани со исхраната

„Прочистувања“ со сокови, суперхрани, диети без јаглехидрати – нутриционистички митови замаскирани како здравствени или медицински совети се среќаваат насекаде.

Затоа е многу лесно да се падне во стапицата на „еден магичен трик“ со чија помош наводно комплетно може да се детоксификува организмот, да се ослаби, да се намали холестеролот и сл.

1) Активниот јаглен е „суперхрана“



Активниот јаглен е познат по неговите апсорпциски својства, но тој исто така може да ги исфрли од системот и добрите хранливи состојки кои му се по потребни на телото. Суплементите со активен јаглен можат да ја намалат ефективноста на лековите, вклучувајќи ги и апчињата за контрацепција.

2) Вештачките засладувачи се подобри од шеќерот

Многу вештачки засладувачи содржат процесирани хемикалии на кои телото може да не реагира добро и кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми па дури и главоболки.

3) Јаглехидратите се „непријател“ на телото

Не сите јаглехидрати се еднакви – комплексните кои ги има во целите зрна содржат здрави хранливи состојки и влакна, а проблеми може да предизвикаат едноставните јаглехидрати како белиот ориз или белиот леб бидејќи не содржат премногу хранливи состојки.

4) Млекото од бадеми е подобро од кравјото



Овие два вида на млеко не се дури ни во истата лига – кравјото има 8 грама протеин во една шолја, додека она од бадеми само 1. Доколку не смеете или не сакате да пиете кравјо млеко, постојат билни млека кои се барем блиску во составот – млекото од соја, на пример, има 7 рама протеин во една шолја.

5) Желбата за одреден вид храна значи дека ви недостасува некоја хранлива состојка

Многу е тешко точно да се докаже дека желбите за одреден вид на храна се поврзани со недостаток на одредени хранливи состојки – во поголем број од случаите, тоа е само начин луѓето да си го оправдаат јадењето на одредена храна

На пример, некои велат дека желбата за чоколадо индицира дека на телото му е потребен магнезиум, меѓутоа полно видови на храна се побогати со магнезиум (тофу, семки од тиква и др.) но ретко на кого му се пријадува тоа.

Желбата за одреден вид на храна всушност може да биде малку познат знак за дехидрација, па пожелно е во тој случај да се напиете вода – по што може да се случи „гладот“ да го снема

6) Јадењето после одреден час е лоша идеја

Овој мит постојано се провлекува. Вашето тело не знае колку е часот и не прави разлика дали е 6 попладне или 8 навечер. Она што го знае е бројот на калории консумирани во текот на целиот ден, па така нутриционистите сугерираат наместо внимавање во колку часот се јаде, да се внимава на големината на порциите и бројот на калории во нив (за да не се надмине препорачаниот дневен внес на калории што со тек на време доведува до дебелеење).

7) “Прочистувањето“ со сокови го детоксифицира организмот



Научниците се сложни во тоа дека целиот концепт за „детоксификација“ на организмот е чиста измислица. Процесот на исфрлање на токсините се одвива преку црниот дроб, и никаков сок или било што друго ќе го забрза или промени тој процес.

Покрај тоа, ваквите „прочистувања“ можат да бидат исклучително опасни бидејќи ги елиминираат важните хранливи состојки и калориите од исхраната. Тие можат да предизвикаат телото да се се стави во фаза на изгладнетост (за време на „прочистувањето“), штом тоа заврши тежината повеќекратно се враќа.

8) Глутенот е штетен

Безглутенската исхрана која моментално е во мода а ја практикуваат и оние кои од неа воопшто немаат потреба (немаат Целијачна болест, алергии, нетолеранција и сл.) може да биде исклучително штетна доколку немате некое од овие заболувања (го зголемува ризикот од воспалувања, создава инсулинска отпорност и др.)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби