Како шеќерот влијае врз анксиозноста и што да превземете во врска со тоа?

Како се поврзани шеќерот и анксиозноста?

Проблемот со шеќерот е што предизвикува покачување и спуштање на нивото на шеќер во крвта, што директно влијае на расположението. Mногу шеќер ни дава енергија и чувство на среќа, но кога неговото ниво во крвта е ниско, се чувствуваме тромави и нерасположени.



Храната полна со шеќер овие промени ги прави многу нагли, што може да предизвика чувство кое понекогаш е дури идентично и на паничен напад. Ниското ниво на шеќер во крвта го става телото во состојба на стрес, што пак ја зголемува анксиозноста.

При такво чувство, луѓето обично посегнуваат по нешто слатко, бидејќи храната богата со шеќер активира ослободување на серотонин, т.н хормон на среќата. Меѓутоа, кога нашето тело е под стрес или анксиозно, зголемено е и нивото на кортизол, т.е хормонот на стресот. Кога тоа се случува, телото го спречува ослободувањето на инсулин, хормонот кој помага за глукозата во крвта да се искористи за енергија.

Така, со јадење на слатка храна за да се избориме со стресот, вишокот шеќер телото го складира во масти бидејќи не го претвора во енергија. На тој начин, јадењето повеќе слатко кога сме под стрес или анксиозни само го зголемува шеќерот во крвта и допринесува за уште поголеми негови варијации и намалување на расположението.



Сите овие „горе-долу“ варијации помеѓу доброто и лошото расположение значително влијаат на чувството на анксиозност.

Под храна богата со шеќер не се подразбира само чоколадо, торти, колачи и слично, туку и рафинирани јаглехидрати како разни житарици, бел леб, тестенини и сл.

Избегнувањето на внес на на ваквата храна не е „магичен лек“ против анксиозноста, бидејќи за неа допринесуваат многу други фактори како стресот, кафето, работата, фамилијарните и љубовни врски и друго, меѓутоа шеќерот може само да ја влоши.

Еден начин да се изборите против ова е редуцирање на внесот на шеќери, со избегнување на процесирана храна и лебови. Стручњаците препорачуваат и да се избегнува да се јаде било што околу 2 часа пред да се легне, за да на телото му се даде доволно време правилно да ја свари и процесира храната додека спиеме.

Кога веќе се консумира храна богата со шеќер, се препорачува таа да се комбинира со храна богата со влакна и здрави масти, бидејќи тие ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, спречувајќи нагли промени на нивото на шеќер во крвта



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби