Што се случува кога ќе прескокнете оброк?

Некои луѓе прескокнуваат оброк како дел од наизменичното постење – начин на исхрана каде може да јадете скоро сè што сакате, но само за време на одреден временски период.

Ваквиот начин на прескокнување на оброк може да има позитивни страни, како слабеење. Но, прескокнување на оброк и наизменичното постење се две сосема различни работи. Прескокнувањето на оброци за да се казните себеси или да се лишите од храна која што ја сакате (или бидејќи сте презафатени), не е исто со постење со цел желбата за храна да ја ставите под контрола.

Еве што експертите велат дека му се случува на телото кога не јадеме доволно:

1) Се чувствуваме уморно и тромаво



Прескокнувањето на оброци и неконзумирањето на доволно храна во тек на денот може да предизвика вртоглавици, ниска енергија, па дури и чувство дека може ќе се онесвестите. Причината за тоа е намалувањето на нивото на глукоза во крвта, т.н „паѓање на шеќерот“.

2) Може да се прејадеме со следниот оброк

За телото да функционира правилно, потребни му се најмалку 3 балансирани оброци дневно, со здрава „ужинка“ измеѓу за да не сме премногу гладни помеѓу оброците.

3) Се влошува расположението



Кога постојано се прескоскнуваат оброци, паѓа нивото на шеќерот во крвта, што го влошува расположението бидејќи глукозата е број еден гориво за мозокот.

4) Слабеењето кратко трае

Со прескокнување на оброци се консумираат помалку калории и се слабее, но тоа доведува до опасен циклус т.е јо-јо ефект. Бидејќи консумирањето на оброци на ваквиот начин е непредвидливо, телото ќе се обидува да задржи што повеќе калории е возможно и нема да ги согорува ефикасно. Телото може да почне да продуцира помалку лептин – хормонот на глад кој го намалува апетитот – отежнувајќи ја проценката кога сме сити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби