Која храна никогаш не треба да ја подгревате?

Секој од нас барем еднаш ја подгреал храната, без разлика дали станува збор за остатоците од ручекот или пак за храна која претходно сме ја приготвиле дома, за да ја јадеме на работното место.

Сепак, малкумина размислуваат на тоа, што треба да се подгрева, а што не.

1) Сè што веќе било подгреано

Колку повеќе нешто подгревате, поголеми се шансите тоа да не е правилно згреано, особено доколку не користите термометар за храна и постојано да ја проверувате температурата. Поради тоа, најдобро е веќе подгреаните остатоци од храна повторно да не се подгреваат, за да се минимизира ризикот од труење.

2) Пржена храна



Подгревањето на пржената храна (како помфритот и сл.) може потенцијално да биде опасно, бидејќи количината на транс-мастите од маслото користено за пржење се зголемуваат со секое подгревање.

3) Мајчино млеко

Мајчиното млеко не смее никогаш да се подгрева во микробранова печка, бидејќи не само што со така станува помалку хранливо, туку и е ризик за новороденчето.

4) Јајца и кокошка

Јајцата можат да ја содржат бактеријата Salmonella enteritidis, која предизвикува труење. Тие можеби и можат да издржат второ подгревање во одредени случаи, но како потенцијално ризична храна, не вреди да се ризикува. Зготвените јајца оставени на собна температура повеќе од 2 часа би требало да се фрлат. Истото важи и за кокошката, во поглед на повеќекратно подгревање.

5) Компири

Зготвените компири кои биле оставени на собна температура по готвењето не би требало да се подгреваат. Тие може да содржат Clostridium botulinum, бактерија која предизвикува ботулизам, потенцијално смртоносна форма на труење со храна. Овие бактерии можат да се размножуваат на собна температура, така што најдобро е компирите да се јадат веднаш по готвењето, или да се ладат во замрзнувач (доколку се работи, на пр., за салата од компири)

6) Бел ориз

Идеално, оризот треба да се консумира веднаш по готвењето. Белиот ориз може да содржи спори од бактеријата Bacillus cereus која предизвикува труење. Колку подолго зготвениот ориз е оставен на собна температура, толку се поголеми шансите спорите (кои можат да го преживеат процесот на готвење) да се развијат во бактерија и да се размножат.

7) Спанаќ



Спанаќот е богат со нитрати, а доколку се подгрее по готвењето тие може да се претворат во нитрити кои пак може да се претворат во амонијак.

8) Процесирани меса

Подгревањето на процесирани меса во микробранова печка го зголемува нивото на продукти за оксидација на холестерол, кои можат да му наштетат на кардиоваскуларното здравје.

9) Кафе

Подгревање на кафе во микробранова печка ќе му даде киселкаст вкус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби