Знаци кои покажуваат дека треба да јадете повеќе јаглехидрати

Многу од денешните трендови за исхрана сугерираат скоро целосно исфрлање на јаглехидратите од исхраната. Меѓутоа, на телото му се потребни јаглехидрати во различни количини за да правилно функционира, во зависност од индивидуалните потреби, цели и начинот на живот.



Јаглехидратите се нашиот примарен извор на гориво и на телото му ја даваат енергијата потребна за живот и за дневните активности. Тие се исто така извор на енергија и за мозокот, кој не може да функционира оптимално без нив (90% од неговата енергија доаѓа од јаглехидратите).

За да телото има доволно енергија за целодневната функција, се препорачува 45-65% од дневните калории да доаѓаат од јаглехидратите (доколку, на пример, јадете 2000 калории дневно, треба да внесете 225-320 грама јаглехидрати).

Кога телото има недостаток на јаглехидрати, тоа го покажува на неколку начини:

1) Замор и мозочна „магла“

Првиот и најочигледен индикатор дека телото има недостаток од јаглехидрати е чувство на физичка и ментална исцрпеност, а многумина имаат главоболки, како и потешкотии во фокусирањето.

2) Промени во расположението

Овие промени, а особено раздразливоста, се знак дека потребите на телото за јаглехидрати не се исполнети. Покрај тоа што се примарен извор на гориво за мозокот, јаглехидратите ја зголемуваат и продукцијата на серотонин во телото, хормонот кој помага во балансирањето на расположението и е поврзан со чувството на среќа.

3) Лоши перформанси во вежбањето



Додека недоволната количина на јаглехидрати не е премногу проблематична за вежби со низок интензитет (како јога), при кои телото може да користи кислород и масти за енергија, таа може практично да ви ги уништи перформансите во тренингот со висок интензитет бидејќи тие зависат од глукозата во крвта или онаа складирана во мускулите или црниот дроб која мора да ја користат како гориво (бидејќи енергијата добиена од кислородот и мастите не е доволна).

4) Лош здив

Кога не внесуваме доволно јаглехидрати во телото, тоа почнува да согорува масти за гориво, а во процесот на нивното разложување, телото произведува хемикалии наречени кетони кои се ослободуваат во здивот и му даваат непријатен мирис (т.н „кето здив“), сличен на оној на амонијак или ацетон.

5) Проблеми со варењето

Без внесување на доволно јаглехидрати, не се внесува и доволна количина на влакна кои обично доаѓаат со нив. Без влакната кои додаваат волумен на столицата, може да се јави запек. Што спаѓа во категоријата на „здрави“ јаглехидрати? Тоа се оние кои ги содржат целите зрна (овесот, интегралниот ориз и др.), мешунки (грав, леќа и др.), овошја, како и скробен зеленчук (компири, тиква и др.).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби