Дали е здраво да се практикува диета со јајца на долг рок?

Диетата со варени јајца е точно како што звучи - програма за слабеење која содржи варени јајца во најмалку еден оброк во текот на денот.

Но, дали е здраво да се практикува ваков режим на исхрана?



Експертите имаат неколку сознанија за диетата, која ветува дека ќе им помогне на луѓето да изгубат и до 25 килограми за само две недели.

Диетата првпат беше опишана во книгата од 2018 година „Диета со варени јајца: Лесен брз начин за губење на тежината!“ од Ариел Чендлер. Истата е широко промовирана и на TikTok, каде што страницата за диета со варено јајце собра над три милиони прегледи.

Диетата не е комплицирана или тешка за следење: Појадокот вклучува најмалку две јајца и едно парче овошје, со можност за вклучување на зеленчук или протеини со малку јаглехидрати. Ручекот и вечерата се состојат од јајца или посен протеин, плус зеленчук со малку јаглехидрати.

Освен тоа, оние кои се на диета може да вклучат и друга храна и пијалоци како што се пијалоци без калории, посно месо, зеленчук без скроб, овошје со пониски јаглехидрати, какви било зачини или билки.

Во тој поглед, диетата наликува на десетици други диети со малку јаглехидрати.

-Ова е верзија на нискокалорична диета со малку јаглехидрати која ќе промовира губење на тежината, но нема да биде одржлива долгорочно и нема да му обезбеди на вашето тело урамнотежена исхрана, објаснува диететичарот Ерин Палински-Вејд од Њујорк.

За време на оваа диета, треба да се избегнуваат многу намирници како:

      -Зрна како леб, тестенини, киноа, кускус и јачмен

      -Млечни производи вклучувајќи млеко, сирење и јогурт

      -Компири

      -Пченка

      -Грашок, грав и други мешунки

      -Овошје како банани, ананас и манго

     - Засладени пијалоци како сок, сладок чај и спортски пијалоци

Поради овие ограничувања, диетата може да биде тешко да се следи долгорочно за многу луѓе.

-Ова е рестриктивен, неурамнотежен начин на исхрана што може долгорочно да резултира со нутритивни недостатоци и не е одржлив, додава Палински-Вејд.

Таа се согласува дека оние кои се на диета може да забележат одредено губење на тежината, бидејќи диетата со јајца е ниска и со калории и со јаглехидрати.

-Почетното губење на тежината ќе вклучува губење на вода, што ќе резултира со „возбудливи“ резултати, но не многу вистинско губење на телесните масти“, објаснува Вејд.

Јадењето јајца е корисно за организмот бидејќи обезбедуваат високи нивоа на витамин А, витамини Б12, витамин Д, рибофлавин (витамин Б2), биотин (Б7), селен и јод. Но, јајцата во исто време содржат и високи количини на холестерол и заситени масти. Значи, важно е да разговарате со лекар пред да се вклучите во исхрана богата со јајца.

Диетата може да биде добра за неколку недели, но не е одржлива на долг рок.

После тоа, ќе ја вратите целата тежина што сте ја изгубиле и повеќе, бидејќи луѓето често се прејадуваат по следењето на многу рестриктивни режими на исхрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шетаат две нули по пат и здогледу-
ваат една осмица.
-Види ја,сељанка,врзала каиш!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби