’Рдокви – салата која треба да ја консумирате што почесто

Кога ќе ги здогледате ’рдоквите во зеленчуковото шаренило на тезгите, немојте воопшто да се двоумите дали со нив да ја збогатите вашата салата.

’Рдоквите се идеален избор во пролетниот период и нив треба што почесто да ги консумирате бидејќи се особено корисни за здравјето. Овие црвени топчиња се преполни со калиум, фолна киселина, антиоксиданси и претставуваат одличен извор на бакар, манган, како и витамин Ц, К и Б6. Исто така, содржат и калциум, железо, фосфор, цинк и натруим, но во помали количини.



’Рдоквите се нискокалорични, на вода отпаѓаат 95 проценти од нив, на јаглехидрати 3,4 проценти, а протеини и масти речиси немаат. Заради сето ова, ’рдоквите се одлични и за оние кои сакаат да слабеат.

Лековитост на ’рдоквите

’Рдоквите може да помогнат кај проблеми со астма и болести на дишните патишта проследени со кашлица. Направете мешавина од ’рдокви, лимон и мед и оставете ја да отстои еден ден, по што ќе добиете природен сируп за искашлување.

Свежиот сок од ’рдокви всушност е стар народен лек кој помага против воспаленија на мочниот меур. Тој исто така содржи и антибактериски и антигабични својства, а помага и при лекување на жолтица бидејќи го нормализира производството на билирубин.

Некои студии покажуваат дека заради големата количина на витамин Ц, фолна киселина и антоцијанин, ’рдоквите може да придонесат и во лечење на карцином на дебелото црево, бубрезите, желудникот и грлото.



Како да одбирате и да ги чувате ’рдоквите

При купување, внимавајте плодовите да бидат тврди, а листовите зелени и свежи.

Кога ќе ги донесете дома, отстранете ги листовите и ’рдоквите неизмиени ставете ги во фрижидер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби