Хот-дог и германски колбаси: Уличната храна заживеа во Скопје

„Уличната храна (street food) е против-отров на брзата храна (fast food). Побрза е и големи се шансите да е поздрава од брзата храна. Со задоволство би платил на мојот комшија или на некој непознат отколку на големи корпорации кои веќе го поседуваат половина свет. Можеби сум наивен, но преферирам храна која е направена од човек со кој можам да се идентификувам и кој всушност ќе ја зготви храната пред мене.“

- Ентони Бордејн


Познатиот готвач, водител и славна личност во областа на реалити (гастрономската) телевизија, изгради кариера патувајќи низ светот и дегустирајќи најразлични јадења. Од Foie gras во најскапите ресторани во Париз до Pho’ на улиците во Ханој.  Тема на овој текст е второто, тоа што го нудат улиците на секој град. Овој пат тоа не се шкампи, туку хот дог, оригинален германски колбас (увезен од Германија) и благи палачинки, а градот е Скопје. Главниот град на државава веќе имаше понуда со пуканки, разни печени семиња (сончоглед, костени, семки и кикирики), па дури и штанд со мини-крофни, но сега доби и поинаков штанд со поинаква понуда.

Веќе втора недела по ред „Дедо медо 3“ штандот може да се пронајде на улицата Македонија наспроти „Мекиците од стража“ и истиот преставува новитет за скопјани. Идивиди одлучи да оди и да го посети штандот, а таму го пронајде и сопственикот Љупчо Спасовски. Ова е неговата приказна.

-Живеејќи во странство и честото патувајќи низ Европа и надвор од неа ми се роди идејата за послужување на  оригинален германски колбас тука во Македонија. Еве сега бев во Скандинавија и бев фасциниран од култот на луѓето кон купување на овој вид на храна. Кај нас плескавицата е национално обележје во храната, а таму е колбасот и секоја земја си има свој начин на подготвување, изјави Спасовски.

И како што објасни муштерии се луѓе од сите сфери. Од бизнисот кои доаѓаат на паузата за ручек и кои немаат време да седнат и да прават нарачки како во рестораните, а тоа е трошење на време за презафатените и екстра пари бидејќи потоа треба да остават бакшиш.

Ефтината и брза храна не значи дека е невкусна и неквалитетна. Таа е подготвена од малку луѓе, со поздрави состојки, а во неа уживаат и најбогатите  луѓе на планетава.


Марк Цукерберг, еден од најбогатите личности на планетава несомнено е љубител брза храна.

-Храната, т.е. состојките за неа се проверени и се подготвуваат по најстроги стандарди. На мал простор во штандот имаме свое греење, фрижидер за чување на храната, своја вода, пумпи, осветлување и сите садови во кои се чува храната се од росвај. Киоскот може да ни дозволи да ја подготвуваме храната во секакви услови, додаде Спасовски.

Во Скопје, покрај љубопитните минувачи, муштерии се и претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва на кои веќе им е познат ваквиот вид на исхрана, нашинци од бизнис сферата кои патуваат во странство и кои исто така се запознаени со street food исхраната.

Ние се одлучивме за класиката. Хот-дог со сенф, кечап и кисели краставички. Германскиот колбас го оставивме за друга прилика.

С.Л.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби