Супер намирница која треба да ја консумирате секој ден

Краставиците спаѓаат меѓу најдобрите намирници корисни за општото здравје на организмот. Еве какви ефекти има овој зеленчук врз нашиот организам:



Хидратација на телото

Доколку немате навика да пиете доволно вода, јадете ладни краставици бидејќи тие содржат дури 90 проценти вода.

Разладуваат

Краставиците се вистински избор за жешките денови, бидејќи го ладат организмот од внатре и од надвор. Доколку имате изгореници од сонце, на воспаленото место ставете ладни кругчиња краставица.

Елиминираат токсини

Водата од краставиците делува како прочистувач на организмот, а доколку редовно ги консумирате ќе ви помогнат да се ослободите дури и од каменот во бубрег.

Дневна доза на витамини

Краставицата содржи многу витамини, го зајакнува имунолошкиот систем и дава енергија. Доколку краставицата не е прскана со пестициди, не ја отстранувајте нејзината лушпа бидејќи истата е полна со витамин Ц и задоволува 12 проценти од дневната потреба на тој витамин.



Одлични за кожата

Краставиците се богати со калиум, магнезиум и силициум. Затоа постојат толку многу третмани за убавина во кои краставицата ја има главната улога.

За варење и слабеење

Заради големата содржина на вода и малиот број на калории, ова е супер намирница за сите кои имаат проблеми со варењето и со вишокот на килограми.

Го регулираат крвниот притисок

Краставиците содржат многу растителни влакна, калиум и магнезиум, кои делотворно го регулираат крвниот притисок, без разлика дали истиот ви е низок или висок.

Помагаат при констипација

Заради влакната кои ги содржат, караставиците се одлични за желудникот, а доколку ги јадете секој ден, тие помагаат и при хроничен затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби