Убедете го детето да јаде зеленчук со лесни трикови

Ако постои еден универзален проблем на мајките, тогаш тој се однесува на тоа да ги навикнат децата да се храната здраво и урамнотежено. Овошјето и зеленчукот се главните јадења кои се најголеми непријатели на децата. Сепак, постојат неколку трикови преку кои ќе го научите вашето дете самото да посегне по некоја овошка.



Камуфлирајте ја бојата на зеленчукот

Повеќето деца не сакаат да јадат зеленчук со зелена боја како што е брокулата, зелката, марулата, бидејќи самата боја ги одбива. Ако сакате да ги натерате да го јадат зелениот зеленчук кој е полн со калиум, обидете се да го камуфлирате со друг зеленчук или храна. Направете смеса од зеленчук со која ќе ги наполните пилешките гради и подгответе ги на обичен начин.

Сечкајте го ситно

Ако вашето дете одбива да јаде зеленчук поради вкусот, потрудете се да го исечкате зеленчукот на многу ситни парчиња, кои се речиси невидливи и измешајте ги со храната која ја сака. Меѓу мајките, добро е познато криењето на зеленчук во сосот болоњезе, кој обично се консумира со шпагети или лазањи.



Магично пире

Вашето дете ќе го изеде компирот, но нема ни да проба од зеленчукот сервиран заедно со компирот. Направете пире од карфиол, келераба и целер, измешајте со малку меко и путер и дадете му на детето да проба. Исто така од целерот и келерабата можете да направите една поздрава замена на пржени компири, кои ќе ги запржите во масло, а потоа ќе ги ставите во рерна.

Ледено освежување

Преку лето, секое дете сака да јаде сладолед. Сомелете морков или тиква измешано со кајсија или праска и додадете малку јогурт, па заледете ја оваа смеса и потоа послужете ја како сладолед. Децата ќе уживаат во нивното омилено летно освежување, а сигурно нема да знае што јаде.

Посеете мала градина

Посеете градина со овошје и зеленчук и не заборавајте да ги вклучите и вашите деца во одгледувањето. Искуствата на мајките покажале дека децата повеќе сакаат да ги јадат плодовите на природата за кои тие помогнале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби