4 работи кои треба да ги знаете за сирењето

Сте се запрашале ли некогаш дали нашиот организам го сака толку сирењето колку што го сакаме ние? Сигурно до сега имате слушнато дека овој омилен млечен производ не е здрав, но тоа не е секогаш точно.



Сирењето слободно можете да го вклучите во вашиот режим на здрава исхрана бидејќи содржи клучни хранливи материи, како што се протеините. Имено, и жените и мажите треба да внесуваат од 46 до 56 грама протеини на ден. Околу 100 грама нискомасно сирење содржи 13 грама протеини.

Сепак, доколку сакате да го вклучите сирењето во секојдневната исхрана, треба да обрнете внимание на следните работи:

Не треба да се откажувате од полномасното сирење

Експертите порачуваат дека возрасните лица треба да внесуваат три шолји нискомасни млечни производи дневно. Сепак, дозволени се и 100 грама полномасно сирење. Имено, количината на сирење и количината на масти која треба да ја внесувате зависи и од остатокот на вашата исхрана. Ова е особено важно за вегетаријанците, на кои им е потребен дополнителен внес на протеини.



Мастите не се секогаш нездрави

Многу јадења кои ги внесувате содржат многу масти, а вие тоа често не го ни знаете. Топеното сирење не е ништо полошо од нив. Исто е и кога јадете парче моцарела - повторно внесувате поголема количина на масти, само што тоа не може лесно да се забележи. Но, овие масти не спаѓаат во групата на нездрави масти, иако нивниот прекумерен внес секако не е препорачлив.

Не постои „најдобро“ сирење

Како што секој има различен вкус за различни работи, така не сакаме сите ист вид на сирење. Било кој вид да ви е омилен, слободно консумирајте го, бидејќи дури и преработеното сирење содржи протеини.

Но, доколку истото е обработено, обрнете внимание што сè содржи. Некои видови на сирење може да имаат малку конзерванси, но сепак да содржат високо ниво на натриум или масти.



Сирењето може да содржи голема количина на натриум

Сирењето може да биде преполно со натриум. На возрасните лица потребен им е внес од 180 до 500 милиграми натриум на ден, а никако не би смееле да внесуваат повеќе од 2300. Едно парче чедар сирење содржи 174 милиграми натриум, додека исто толкаво парче кашкавал содржи 352 милиграми. Некои сирења природно содржат многу помалку натриум, како што е пармезанот, кој содржи 76 милиграми во количина од една лажичка.

На внесот на натриум треба сериозно да внимавате, бидејќи истиот може да има сериозни импликации врз здравјето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби