Вкусни брускети на италијански начин

Со малку стар леб, зачини и маслиново масло ќе имате лесен и економичен оброк по сечиј вкус. Можете самите да експериментирате со разни зачини, зеленчук и сувомеснати производи. Ние ви нудиме три лесни начини на кои можете да спремите крцкави брускети.

Основен рецепт



Потребни состојки:

  • старо француско лепче (најмногу 2 дена)
  • маслиново масло
  • неколку ливчиња босилек
  • лук
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180-200 степени. Исечете го лебот на парчиња со дебелина од 1см. Наредете ги парчињата леб на една тепсија обложена со хартија за печење и печете го околу 10 минути. Додека лебот се пече, вие можете да ги подготвите состојките. Исчистете неколку чешчиња лук со кои ќе ги премачкате препечените парчиња леп. Лукот нема да го сецкате, туку со целите чешчиња ќе поминете на површината на лебот, а потоа ставете малку ситно исечкан босилек. Посолете ги по вкус и на крај прелијте го лепчето со малку маслиново масло.

Брускети со домати



Потребни состојки:

  • старо француско лепче (најмногу 2 дена)
  • маслиново масло
  • неколку ливчиња босилек
  • 2 домати
  • моцарела
  • лук
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Додека лебот се пече, исечкајте ги доматите на коцки. Кога брускетите ќе бидат готови, премачкајте ги со лукот, наредете ги доматите заедно со босилекот. Исечете малку свежа моцарела и додајте ја врз парчињата леб, а на крај прелијте со масилново масло и посолете по свој вкус.

Брускети со пршута



Потребни состојки:

  • старо француско лепче (најмногу 2 дена)
  • маслиново масло
  • неколку ливчиња босилек
  • пршута
  • моцарела
  • лук
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Откако ќе ги намачкате веќе испечените парчиња леб со лук, на секое парче ставете едно тенко парче пршута. Врз пршутата ставете ситно сечкана моцарела, па на крај капнете неколку капки масло и посолете.

Bon appétit!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби