Палачинки во ново руво: Од чизкејк до вкусни пакетчиња

Палачинките се еден од омилените десерти на милиони луѓе ширум планетата. Ние се одлучивме да ви понудиме 4 вкусни и лесни рецепти за палачинки.

Најдобро е смесата да ја направите неколку часа пред подготовката на десертот со цел да одстои, а палачинките ќе бидат повкусни. Потоа растопете лажица путер во маслото и премачкајте ја тавата.

Палачинки ала чизкејк со малини

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 250 гр. брашно
  • 300 мл. млеко
  • 300 мл. минерална вода
  • сол
  • шеќер
  • масло за пржење

Фил:

  • 250 гр. маскарпоне
  • 100 гр. кисела павлака,
  • лажици сок од лимон
  • 50 мл. павлака за шлаг
  • 2-3 лажици шеќер
  • eдна шака малини.

Подготовка:

1. Пенасто изматете ги јајцата, млекото, водата и брашното. Додадете сол, шеќер и изрендената лимонова кора па добро измешајте со цел во смесата да нема грутки.

2. Испржете ги палачинките премачкувајќи ја тавата со масло и оставете ги на страна да се изладат додека не го направите кремот.

3. Во сад измешајте го маскарпонето и киселата павлака, кои треба да се на собна температура. Потоа додадете го лимоновиот сок, павлаката за шлаг и шеќерот, па добро измиксајте.

4. Свиткајте ги палачинките и ставете ги малините како на фотографијата.

Торта од палачинки со црвена рибизла

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 6 лажици путер
  • 3 чаши млеко
  • 6 јајца
  • една ипол чаша брашно
  • малку сол
  • масло

За кремот:

  • 2 шолји млеко
  • лажица екстракт од ванила
  • 6 жолчки,
  • ½ шолја шеќер,
  • 1/3 шолја пченкарно брашно,
  • 3,5 лажици путер

За сосот:

  • 500 гр. црвени рибизли
  • 200 гр. шеќер
  • 500 мл. црвено вино
  • една лажица густин
  • снегулки од бадем за украсување

Подготовка:

1. Стопете го путерот во тавче и оставете го на страна. Загрејте го млекото и оставете го да се лади десетина минути. Измиксајте ги јајцата, брашното и солта. Полека ставете го топлото млеко и путерот и оставете ги во фрижидер преку ноќ или на неколку часа.

2. Пред пржење загрејте ја смесата на собна температура и испржете ги палачинките на малку масло.

3. За кремот ставете млеко во лонче за да зоврие, изгасете го огинот и додадете го екстрактот од ванила. Оставете на страна десетина минути. Изматете ги жолчките, шеќерот и скробот, полека додадете го топлото млеко на силен огин да зоврие. Мешајте една минута, две и потоа додадете го путерот. Кога ќе се излади ставете го во фрижидер.

4. За сосот сварете шеќер и вино па додајте ги рибизлите. Варете уште пет минути, додадете густин и варете додека не биде густо колку што сакате. Редете ги палачинките, а измеѓу нив ставајте крем. Прелијте со сосот и додадете уште црвени рибизли за украс. Кога ќе се излади посипете со бадемот.

Чоколадни палачинки полнети со кремасто сирење

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 2 јајца
  • 150 гр. брашно
  • 300 мл. млеко
  • 40 гр. путер
  • 40 гр. темно чоколадо со 70% какао
  • лажица какао
  • 2 лажици шеќер
  • малку сол

За полнењето:

  • 200 гр. крем сирење
  • лажица екстракт од ванила
  • кора од лимон или портокал
  • малку шеќер

Подготовка:

1. Стопете го чоколадото на пара со путер. Добро измешајте.

2. Пенасто изматете ги јајцата, шеќерот и солта. Додадете брашно, како и млеко, па сето тоа добро измешајте го за да добиете тесто без грутки. Полека додадете го чоколадото и оставете на собна температура околу еден час.

3. Загрејте ја тавата со малку масло па испржете ги палачинките. Додека се ладат направете ја смесата за полнење.

4. Измешајте ги сите состојки и изматете со електричен миксер. Убаво премачкајте преку палачинките, завиткајте ги и исечете на кругови.

Пакетчиња од какао со сладолед

Потребни состојки:

Смеса за палачинки:

  • 80 гр. брашно
  • 2 лажици какао
  • околу 200 мл. млеко
  • 2 јајца
  • 2 портокали

За полнењето:

  • 1-2 лажици путер
  • 55 гр. кафеав шеќер
  • сладолед од ванила (или пак друг по желба)
  • изрендана кора од портокал.

Подготовка:

1. Измешајте го брашното и какаото, додадете млеко и јајца и мешајте полека. Прекријте и оставете во фрижидер половина час.

2. Изрендајте ја кората од портокал и исцедете го сокот. Стопете го путерот во тавчерто и испржете ги палачинките.

3. Растопете 60 гр. путер, додадете шеќер, кората и сокот од портокал. Нека зоврие па намалете ја температурата и варете уште неколку минути.

Наполнете ги палачинките со малку сладолед, па затворете ги како пакетче и завртете ги со лента портокал. Прелијте со сос од портокал



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби