Магично семе: Топи целулит и исфрла токсини

Овој вкусен пијалак има многу благодати по нашето здравје, но покрај тоа тој помага и во одржувањето на посакуваната телесна тежина и одлично делува врз кожата.

Лененото семе содржи многу корисни материи, меѓу кои витамини, минерали, омега-3 масни киселини и растителни влакна, кои ја нормализираат работата на цревата кај човекот.

Ова семе има моќ да ги исфрли токсините од организмот, како и да го нормализира метаболизмот, да го намали нивото на шеќер во крвта, но и да го регулира апетитот.

Тоа ги апсорбира токсичните состојки од храната, ги чисти цревата и притоа го снабдува организмот со лецитин, кој го стимулира метаболизмот на мастите. Тоа се случува поради омега-3 масните киселини кои ја активираат работата на потните жлезди во телото, притоа помагаат во топењето на вишокот масти во организмот. Токму заради тоа лененото семе е идеален домашен препарат за слабеење.

Освен за губење на вишокот килограми, ова семе помага и во одржувањето на посакуваната телесна тежина. Препорачано е од многу нутриционисти, а корисно е и за луѓето кои патат од гастритис, чир на желудник, хроничен запек и хемороиди. Помага и при лечење на циститис и воспаление на бубрезите.

Како да приготвите пијалак од ленено семе:

Пијалакот треба да се подготви еден ден претходно. Пред спиење прелијте 3 лажици ленено семе со еден литар зовриена вода и оставете го да одстои преку ноќ. Најдобро е да користите термос, но доколку немате можете да користите тенџере со капак. Наутро процедете го пијалакот. Би требало да добиете малку густа, желатинозна (лигава) смеса. Овој пијалак секогаш се подготвува навечер за да биде свеж следното утро. Затоа не правете повеќе со цел да пиете од него повеќе денови.

Начин на консумирање:

Пијте по 150 мл. од пијалакот, 3 до 4 пати во текот на денот, половина час пред оброк. На ваков начин консумирајте 10 дена, потоа треба да направите пауза од 10 дена и продолжете така сѐ до постигнување на саканите резултати. На тој начин ќе ја регулирате телесната тежина, а што е најважно, ќе слабеете здраво и сигурно.

Научниците велат дека ефектите се индивидуални, но за да се намали телесната тежина потребни се 3 до 5 вакви третмани.

Овој пијалак можете да го консумирате како појадок и вечера, а за подобар вкус можете да го засладите со мед. Со редовно консумирање ќе забележите позитивни промени на кожата, која ќе стане поздрава, затегната и еластична. Со овој еликсир, во текот на слабеењето, кожата нема да се опушти, напротив, дури ќе ги растопи масните наслаги на целулитот.

Можни контраиндикации:

Не се препорачува за лица кои имаат сериозно заболување на црниот дроб. Доколку не се работи за сериозно заболување, може да се консумираат помали количини.

Научниците велат дека ленот активно извлекува песок и камења од бубрезите, но тој процес треба да се држи под строга контрола за да не би дојде до сериозни компликации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби