Овошјето и зеленчукот нè прават посреќни!

Можеби звучи необично, но истражувањето на научниците од Нов Зеланд открило дека постои поврзаност помеѓу консумацијата на овошје и зеленчук и целокупното задоволство од животот.



Во истражувањето учествувале 405 испитаници, кои секојдневно воделе дневник за нивната исхрана, а правеле забелешки и за нивното расположение. Исто така, тие пополниле и прашалници во кои биле опфатени прашања за нивните општи животни навики.

По обработка на податоците собрани од испитаниците за период од две седмици, научниците откриле дека оние кои секојдневно внесувале овошје и зеленчук биле значајно по љубопитни и покреативни и имале поголемо ниво на позитивни емоции. Исто така, тие биле повеќе заинтересирани за различни активности, а на нивниот живот без проблем му го согледувале значењето, вредноста и целта.

- Резултатите од ова истражување упатуваат на фактот дека исхраната може значајно да влијае на степенот на задоволство и среќа на поединецот, изјави предводникот на истражувањето, д-р Темлин Конер.



Научниците, чиј труд е објавен во списанието British Journal of Health Psychology, истакнуваат дека ова не е прво истражување кое ја открива тесната поврзаност помеѓу храната и расположението.

Логиката лежи во фактот што повеќето видови овошје и зеленчук содржат голема количина на витамин Ц, кој учествува во производството на допамин, кој пак, претставува невротрансмитер задолжен за подобрување на расположението, мотивацијата и фокусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби