Рецепт за совршен вкус: Домашни профитероли

Неодоливи крофнички полнети со сочен крем прелиени со чоколадо. Кој може да им одолее?

Потребни состојки:

  • 130 мл. вода
  • 40 гр. путер
  • 5 јајца
  • малку сол
  • 90 гр. брашно тип 400
  • 1 пудинг
  • 250 мл. млеко
  • 200 гр. шлаг
  • 100 мл. хопла
  • 100 гр. чоколадо за готвење



Подготовка:

  1. За кремот: Прашокот за пудинг измешајте го со шеќерот и малку ладно млеко. Остатокот од млекото сварете го и тргнете го од рингла. Во млекото додадете го разматениот прашок за пудинг и мешајќи варете 1 до 2 минути, па изладете го пудингот. Изладениот пудинг измешајте со шлагот.
  2. За тестото: Во мал сад ставете вода, путер и сол, па оставете да проврие. Додадете брашно и смесата варете ја додека не добиете густа топка. Малку изладете, а потоа додадете едно по едно јајце. Смесата мешајте ја со миксер додека не се изедначи.
  3. Вареното тесто ставете го во слаткарски шприц, а потоа на намачкан плех со масло истискајте топчиња со големина на орев. Печете 20 минути во загреана рерна на 190 степени. Печените профитероли потоа оставете да се изладат.
  4. Во слаткарскиот шприц ставете го подготвениот крем од ванила. Секоја профитерола наполнете ја со малку крем. Наполнетите профитероли ставете ги на чинија за послужување.
  5. За преливот: Загрејте ја хоплата, измешајте го здробеното чоколадо во еднолична смеса и потоа изладете го. Со овој прелив прелијте ги профитеролите.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби