5 „здрави“ јадења кои се полоши од помфритот

Помфритот е неверојатно масно, солено и калорично јадење кое треба да се избегнува. Стотина грама помфрит содржат околу 280 калории што претставува околу седмина од дневната потреба за храна.

Со желба да ја избегнеме замката со консумирање на големо количество пржени компири како главно јадење, често пати сакаме за ручек да додадеме и некој прилог кој пак на крај ќе се покаже како полош избор од самите пржени компири. Откријте каде се кријат замките и избегнете ги.

Салата со дресинг

Доколку мислите дека пржените компири ќе ги замените со салата во ресторан за брза храна, можете непријатно да се изненадите. Тоа што обично се служи со салатата се индустриски преливи кои се полни со заситени масни киселини и сол кои во комбинација со нискокалоричната краставица, свежата пиперка или домат прават калорична бомба. Размислете, само една лажица мајонез има околу 60 калории.

Доколку сакате навистина да јадете здраво, салатата зачинете ја со прелив кој сами сте го подготвиле, а во кој ја знаете количината на природните намирници кои сте ги додале како маслиново масло, лимон, сол, рузмарин, лук...

Супа



Доколку мислите дека оброкот ќе го започнете со супа и така ќе ја намалите потребата за храна во главниот оброк, браво за вас! Супата е одличен начин да ги внесете вредните витамини и минерали и притоа ќе направите одличен диетален трик, но само доколку самите сте ја подготвиле.

Супите во кесичка или конзерва имаат 50 калории по шолја и се преполни со сол и адитиви, кои го зголемуваат крвниот притисок и ве ставаат во опасност од добивање на дијабетес и болести на крвниот систем. Наместо тоа одберете домашна супа од зеленчук која ќе ви одземе 20-на минути да ја подготвите.

Пржени прстени од кромид



Овој американски специјалитет кој заживеа и во нашата прехранбена култура важи за подобра алтернатива од помфритот. Размислете за ова подобро. Најпрвин прстените од кромид се ставаат во смеса за поховање, а потоа се пржат во длабок сад со зејтин на ист начин како и компирчињата, па имаат отприлика иста калориска вредност.

Доколку сакате поздрава варијанта, тогаш јадете го кромидот чист без никакви додатоци. Можете да го комбинирате со оцет, вегета и малку масло.

Тестенини со растопено сирење



Ова е спротивно на популарното верување дека тестенини нема да не здебелат. За собирање на непотребните килограми „виновни“ се масните додатоци. Ако наместо пржен компир одберете тестенини со сирење, подгответе се за уште една калориска бомба. Во просечно парче полномасно сирење за рендање се наоѓаат повеќе од 400 калории, а кога на тоа ќе се додадат и другите намирници кои одат во оваа класика, како павлака, хопла, кечап или мајонез, тогаш јасно ви е дека не сте одбрале „здрав“ оброк.

Гответе тестенини измешани со свежо сирење, малку маслиново масло и зготвени домашни домати, со тоа ќе добиете „полесен“ и диетален ручек.

Крокети



Уживате во златно-кафевите крокети? За прилог на главното јадење сакате да нарачате и класични компирчиња од фритеза? Крокетите всушност се компири полнети со кашкавал, шунка, па дури и млеко и пржени во масло.

Ако не можете без компир одлучете се тогаш за варен компир зачинет со малку сол или вегета и маслиново масло. Варијанта која има трипати помалку калории од пржените компири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби