6 причини поради кои сè уште сте гладни

Сигурно многу често ви се случува веднаш после оброкот повторно да се чувствувате гладни. Не грижете се, сè е во ред со вас! Постојат одредени намирници кои нè прават уште погладни, не моментално, туку набрзо по нивната консумација.

Имено, чувството на глад е резултат на сложената интеракција помеѓу стомакот, цревата, мозокот, панкреасот и крвотокот. Консумацијата на следните намирници може да резултира со информација до вашиот мозок дека сте гладни.

Бел леб



Белото брашно, кое се користи за да се направи бел леб, е направено од излупени зрна, што пак ја намалува способноста на житарката да ве засити. Кога јадете бел леб, нивото на инсулин ви се зголемува.

Една неодамнешна шпанска студија ги следела навиките во исхраната кај повеќе од 9000 учесници и покажала дека оние кои консумираат бел леб се за 40 проценти повеќе склони кон дебелеење, за разлика останатите.

Бели тестенини



Белите тестенини делуваат исто како и белиот леб, само што се уште поопасни од него, бидејќи со нив може лесно да се прејадете. Порциите треба да бидат со големина на една шолја.

Сокови



„Здравите“ сокови, кои ги купувате од продавниците, всушност содржат голема количина на шеќери, а никакви растителни влакна. Кога ги пиете, нивото на шеќер во крвта може да ви порасне и брзо да опадне, па чувството на глад брзо се враќа. Идеално би било сами да си направите густ сок, користејќи ја целата неизлупена овошка, па во тој сок потоа можете да додадете протеини во прав од природно потекло, или путер од кикирики.

Солени грицки

Чипсот, переците и останатите солени грицки се брзи јаглени хидрати кои можат да го подигнат нивото на инсулин, а потоа и брзо да го спуштат. Заради количината на сол која ја внесувате, можете да имате впечаток како стомакот да ви е полн, а всушност да чувствувате глад.

Брза храна



Речиси секоја состојка во јадењата од продавниците за брза храна е ставена со цел да ве наведе да јадете повеќе. На пример, презаситените масти предизвикуваат мини воспаленија во стомакот кои ја намалуваат способноста на телото да произведува невротрансмитери кои го контролираат апетитот, како што се допаминиот и серотонинот. Ова автоматски значи дека брзата храна ни го расипува и расположението, со оглед на тоа што серотонинот е познат како хормон на среќата.

Алкохол



Кога пиете алкохол, за момент ќе ви се причини дека сте се заситиле, но всушност сте само погладни. Само три чаши алкохол ќе го намалат нивото на лептин, хормон кој го контролира чувството на глад, во вашето тело за 30 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби