Kinder Milchschnitte рецепт: Совршен и лесен млечен десерт

Децата го обожуваат млечниот десерт на Kinder, Milchschnitte, па наместо да го набавувате од продавница, можете истиот да го направите сами. Ова е рецепт за совршена копија на оригиналот! Ќе се заљубите во овој лесен колач, во вкусот на медот и слаткапа павлака.

Потребни состојки - тесто:

  • 200 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 100 гр шеќер
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 250 мл млеко

Фил:

  • 500 мл свежа слатка павлака
  • 1 кесичка шлаг-фикс
  • 2 лажици мед

За премачкување на тестото:

  • 2 лажици мед

Подготовка:

Помешајте ги заедно сите суви состојки, бавно додавајќи го млеко во тенок млаз и мешајќи со жица за да не се создадат грутчиња.

Рерната загрејте ја на 160 степени.

Тестото размачкајте го во тавчето во тенок слој (или доколку тавчето ви е помало тогаш печете на два пати) и печете 15-20 минути.

Слатката павлака изматете ја цврсто, додавајќи го шлаг-фиксот и медот. Кората премачкајте ја со медот и доколку сте испекле една голема, тогаш пресечете ја по должина.

Изматената слатка павлака нанаесете ја врз едната кора, лесно израмнете ја со нож и поклопете ја со другата кора.
Нежно притиснете ја кората одозгора да се залепи за филот, па добиениот колач ставете го фрижидер да отстои еден час за да се олади, по што можете да го исечете на коцкички и да го послужите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби