Ова не сте пробале: Пица во тесто за вкусен ручек

Честопати сите сме сретнале интересни рецепти за пица, но вакво нешто до сега не сте пробале.

Потребни состојки:

  • 800 гр. брашно
  • 2 јајца
  • млака вода 80 мл.
  • 1 коцка квасец
  • 125 мл. масло
  • 250 мл. млеко
  • малку шеќер
  • 2 лажички сол
  • 200 гр. шунка
  • 150 гр. сирење
  • 1 чашка павлака
  • лажичка оригано
  • 200 гр. кечап
  • малку печурки по желба

Подготовка:

Ставете го квасецот во шолја и додадете малку млеко, сол и шеќер и оставете на топло. Во поголема чинија измешајте 1 цело јајце и жолчката од второто, вода, масло и млеко. Додадете го квасецот од шолјата, а потоа постепено додавајте го брашното и измешајте така да не ви се лепи истото за вашите прсти. Тестото оставете го на топло за да нарасне околу 45 минути. Потоа поделете го тестото на 4 дела и развлечете ги на тенко. Подмачкајте го плехот со масло па развлечете една кора на дното. Премачкајте ја со кечап и посипете половина количина шунка. Преку неа ставете ја другата развлечена кора. Неа премачкајте ја со павлака и посипете го остатокот од шунката. Потоа третата кора, пемачкајте ја со кечап и ренданиот кашкавал. Доколку сакате можете да додадете и печурки...

Преку сето тоа покријте ја четвртата развлечена кора. Исечете полека на парчиња и премачкајте одозгора со останатата белка. Оставете така подготвено да отстои 20-на минути, а тогаш печете на 200 степени околу 30 минути. Кога ќе зарумени, тоа е тоа.

Вадете, оставете малку нека се олади, доколку сакате можете да посолите сусам или пак да изрендате кашкавал... Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби