Јаболката одлични не само за јадење!

Лекарите тврдат дека консумацијата на едно јаболко на ден е клучот за долг и здрав живот. Оваа овошка навистина е преполна со витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, а во нашите краеви е достапна во текот на целата година.



Освен за јадење, јаболката можете да ги користите и за следните одлични и практични намени:

Забрзување на зреењето на другото овошје

Јаболките испуштаат гасови кои го забрзуваат процесот на зреење на одредени плодови, како што се бананите, кивите и доматите. Ставете едно јаболко или неколку исечени парчиња во вреќичка со зелените банани. На овој начин тврдите плодови побрзо ќе станат меки и слатки.

Разубавување на кожата

Искористете ги хранливите материи на јаболкото за да и’ подарите на кожата здравје и убавина. Изрендајте едно јаболко, помешајте го со малку кафеав шеќер, па со мешавината направете пилинг на лицето. За да добиете уште похранлива маска, во изренданото јаболко додадете малку овесни снегулки и маслиново масло.



Отстранување на чувството на мачнина

Дали сте вие една од оние личности кои не ги поднесуваат патувањата заради мачнините? Следниот пат кога ќе одите на патување изедете едно зелено јаболко кое ќе ви го отстрани тоа неубаво чувство. Зелените јаболка наводно можат да намалат и некои симптоми на мигрена, па корисно е да ги имате при рака.

Свеж леб и колачи

Доколку треба да го чувате лебот или колачите неколку дена, спакувајте ги заедно со парче јаболко. Јаболката се одлични навлажнувачи кои ќе ја продолжат свежината на намирниците.

Креативен сад

Добро измијте го јаболкото, преполовете го, издлабете ја неговата содржина, па инстантно искористете го како сад за служење на пудинг, слатко или колачиња.



Убава миризба во домот

Не мора да трошите пари на вештачки спрејови за да имате пријатна арома во домот. Наместо тоа, направете мешавина од дехидрирани јаболка, цимет, каранфилче, кора од портокал и други зачини и ставете ги во отворен сад за да шират убава миризба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби