3 природни сокови кои го топат целулитот

Секоја втора жена без разлика на својата градба и годините мака мачи да го отстрани целулитот на своето тело. Во борбата со овој проблем и помагаат најразлични козметички третмани, вежби, антицелулитни креми, но и здравата исхрана која е неопходна за да се реши проблемот со кожата со изглед на портокал.

Определени овошја и зеленчуци во себе содржат состојки кои го забрзуваат метаболизмот, ги топат мастите, го подобруваат производството на колаген и го детоксифицираат телото, со што се идеални за справување со целулитот.

Во прилог ви претставуваме 3 едноставни рецепти за природни антицелулитни сокови кои ќе ви помогнат во борбата со целулитот.

Витамин C џус

Потребни состојки:

  • 1 грејпфрут
  • 2 портокали
  • Четврт лимон
  • Мало парче ѓумбир

Подготовка:

Излупете го овошјето и заедно со ѓумбирот ставете го во блендер. Добиената течност се препорачува да се пие на гладно или помеѓу оброците. Има најдобар ефект кога се комбинира со здрава исхрана.

Чили напиток

Потребни состојки:

  • 1 лимон
  • Чили во прав

Подготовка:

Наједноставно исцедете го сокот од лимон и во него додадете чили во прав. Сокот се пие три пати на ден. Иако на вкус можеби не е најдоброто нешто што ќе го пробате, активните состојки од лимонот и чилито го разградуваат целулитот и влијаат позитивно врз работата на целиот организам.

Зелен џус

Потребни состојки:

  • 200 гр кељ
  • 1 јаболко
  • Мало парче ѓумбир
  • Вода по потреба

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и убаво изблендајте. Во зависност од тоа дали сакате погуст или поредок сок, додадете повеќе или помалку вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби