Зелено smoothie за постпразнична детокцикација на организмот

Детоксикацијата на организмот се препорачува да се прави неколку пати годишно, особено после празниците, кога повеќето од нас уживаат во масната и не толку здрава храна.



Кога долго време консумирате токсична храна, органите за прочистување (црниот дроб и бубрезите) не се во состојба да ги елиминираат сите токсини, па сите лоши намирници се задржуваат во организмот како масни наслаги.

Секој процес на детоксикација на организмот подразбира внес на голема количина на течности. На прво место секако е водата, а потоа незасладените чаеви и природните, свежо исцедени сокови.

Ви претставуваме рецепт за ефикасен детокс напиток - зелено smoothie.

Потребни состојки:

  • 250 гр спанаќ
  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • малку ѓумбир
  • 1 замрзната банана
  • 200 мл бадемово или кокосово млеко
  • неколку коцки мраз

Исчистете го овошјето, исечкајте ги бананата и ѓумбирот и ставете ги сите состојки во блендер. Прво ставете ги млекото и спанаќот, а потоа сите останати намирници.

Вклучете го блендерот на најмалата брзина за најпрво да се изблендираат млекото и спанаќот. Набрзо мразот и бананата ќе се спуштат на дното, а потоа и останатите намирници ќе им се придружат, па тогаш кога ќе почне да се меша целата смеса, зголемете ја брзината на блендерот.

Кога ќе се уверите дека спанаќот и ѓумбирот се дорбо сомелени и имате хомогена смеса, вашиот детокс напиток е готов. Испијте една чаша од smoothiе-то наутро, а другата количина оставете ја за попладне. За да се постигне ефект, се препорачува овој напиток да се пие неколку дена по ред. На здравје!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби