Појадок со кој никако не смеете да го започнете денот

Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа мора да внимавате истиот да биде здрав и хранлив. Со него го активираме организмот и го подготвуваме за сите напорни часови кои се пред нас. Доколку сакате да го започнете денот вкусно и здраво и се наполните со енергија, избегнувајте ги овие три видови појадок.

Овошни сокови и овошни јогурти



Иако на нив пишува дека се целосно природни, купечките овошни сокови се преполни со шеќери и адитиви. Ваквиот напиток моментално ќе ви даде енергија, но брзо потоа ќе ви ја одземе. Исто така, купечките сокови немаат голема нутритивна вредност. Истото важи и за овошните јогурти.

Многу е подобро да посегнете по вистинско овошје, кое содржи и растителни влакна потребни за регулација на дигестивниот систем, а идеално би било кога свежите парчиња овошје ги збогатите со природен и незасладен јогурт или млеко и житарки.

Пекарски производи



Печивата, крофните и разните производи од тесто кои ги купуваме во пекарите се многу вкусни и заситуваат, но овие производи содржат и големи количини адитиви, сол и шеќери, што сочинуваат далеку од добра комбинација за започнување на денот.

Солените печива задржуваат вода во организмот, а лиснатото тесто е масно, тешко е за варење и е сиромашно со нутритивни вредности кои му се потребни на вашиот организам за нормална работа. Доколку сакате наутро да изедете печиво, изберете го она од цели житарки.

Масна храна



Тешката и калорична храна, како пржени јајца со сланина, бел леб или салама, зачинети со мајонез или сличен намаз се уште еден најлош начин да го започнете денот. Освен ако не изведувате тешка физичка работа, ваквиот појадок на вашето тело навистина не му е потребен, а истиот ќе се вари многу долго и тешко во вашиот дигестивен систем.

Поголемата количина на нездрави масти ќе заврши во облик на масни наслаги, а вашиот организам нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна кои му се потребни. Најдобро е наутро да изедете варено јајце, во комбинација со парче двопек и свеж зеленчук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби