Сникерс торта: Врвен десерт за сечиј вкус

Сникерсот е еден од најпопуларните безвременски чоколади – во тоа можат да се согласат сите, млади или стари. Постојат разни модификации на овој добро познат вкус на кикирики, карамела и чоколадо, прилагодени за домашна подготовка.

Веќе ви имаме претставено еден рецепт за вкусна Сникерс торта, а овој пат ви претставуваме еден поинаков.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тестото:

  • 10 белки
  • 15 лажици шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 4 лажици презла
  • 1 лажица брашно
  • 10 лажици мелени кикирики

За филот со кикирики:

  • 1 литар млеко
  • 300 гр шеќер
  • 3 лажици густин
  • 2 лажици брашно
  • 1 кесичка пудинг од карамел
  • 2 лажици шеќер
  • 250 грама путер (или маргарин)
  • 200 гр млеко во прав
  • 250-300 гр мелени кикирики

За чоколадниот фил

  • 5 белки
  • 15 жолчки
  • 300 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 250 гр путер (или маргарин)

За глазурата од чоколадо

  • 150 мл слатка павлака
  • 150 гр чоколадо за готвење
  • плус уште 200 мл слатка павлака

ПОДГОТОВКА

Тесто

Изматете ги белките, па додадете ги шеќерот и оцетот и сето тоа заедно изматете го за да добиете цврста пена. Потоа додадете ги презлата, брашното и мелените кикирики, па полека промешајте со лажица за состојките да се соединат.



Добиената смеса истурете ја во тавче обложено со хартија за печење, и ставете го во претходно загреана рерна на 200 степени и кога малку ќе потемни извадете го. Најдобар начин да проверите дали тестото е готово да го боцнете со чепкалка за заби.



Фил со кикирики

За филот со кикирики најпрво карамелизирајте 300 грама шеќер, со промешување во тенџере ставено на оган. Потоа, во карамелизираниот шеќер додадете 800 мл млеко, па варете се додека карамелот се стопи и млекото проврие.



За тоа време изматете ги густинот, брашното, шеќерот и пудингот од карамела со 200 мл млеко, па потоа сето тоа како пудинг сварете го.

Оставете го филот да се олади, па потоа соединете го путерот кој претходно пенасто сте го изматиле со млекото во прав. На крајот додадете и мелени, пржени, несолени кикирики, па сето тоа заедно добро изматете го со миксер.



Чоколаден фил

Изматете 5 белки со 300 гр шеќер, па додадете 15 жолчки и оставете ги да се проварат малку на пареа. Пред да бидат готови, додадете го чоколадото. Готовиот фил оставете го да се олади, па потоа соединете со претходно изматениот путер.



Врз испечената кора прво рамномерно нанесете половина од филот со кикирики, а потоа нанесете го чоколадниот фил, па врз него и останатата половина од филот со кикирики.



Глазура

Изматете 200 мл слатка павлака, па премачкајте ја преку филот со кикирики. Загрејте до точка на вриење 150 мл слатка павлака, па потоа тргнете ја од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека чоколадото не се растопи, а потоа оставете да се олади, па прелијте го преку готовата торта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби