Коприва: Сите својства на една од најлековитите билки

Иако на изглед е неуредна, копривата всушност е неизмерно корисна и претставува едно од најлековитите билки. Цвета од пролет до есен и е одличен додаток за тестенини, рижото, пита, а со нејзе можете да на правите и густа чорба.



Во било кое јадење да ја подготвувате, на копривата не и’ е потребно да ја готвите, туку доволно е и да ја потопите во врела вода најдолго две минути. На тој начин максимално ќе ги зачувате нејзините хранливи и лековити својства.

Причините заради кои е добро да јадете коприва се бројни. Ова растение ја подобрува работата на дигестивниот систем, врши детоксикација на организмот, добра е за прочистување на крвта и бубрезите, позитивно делува на штитната жлезда и помага во намалувањето на шеќерот во крвта, ги лечи воспаленијата на уринарниот тракт и ја стимулира работата на цревата, заради што делува и како диуретик. Копривата изобилува со витамините Ц и А, калциум, калиум, железо, фосфор, како и други витамини и минерали.



Чајот од коприва се користи за болести на црниот дроб и жолчката, пореметување на сонот, гршеви во стомакот, чирови, болести на белите дробови.

Доколку сами ја берете копривата, бирајте чисти предели низ кои не поминуваат автомобили. Задолжително користете ракавици бидејќи во спротивно ќе добиете осип на кожата кој пече. Копривата исто не се консумира свежа бидејќи може да предизвика проблеми со дигестивниот систем и црвенило на кожата.

Ви претставуваме одличен рецепт за вкусна супа од коприва, која изобилува со лековити својства.

Состојки:

  • 300 гр коприви
  • 5 компири со средна големина
  • малку маслиново масло

Постапка:

Исечкајте ги компирите на четвртинки и ставете ги да се варат. Пред да бидат готови, додадете ја копривата која е само потопена и извадена од врела вода. Додадете маслиново масло и добро иситнете ја смесата со миксер. Доколку има потреба додадете уште вода, а на крај можете да ставите и кисела павлака по желба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби