Милка торта без печење

Сите го обожаваме чоколадото Милка, а уште подобро би било кога би можеле и дома да си направиме нешто со ист вкус. Израдувајте ги вашите најмили со Милка торта, која ќе ја направите за 30-тина минути и тоа без печење.



Состојки за подготовка:

  • 1л. млеко
  • 10 лажици кафеав шеќер
  • 3 пудинга од ванила
  • 300гр. млечно Милка чоколадо
  • 100гр. бело Милка чоколадо
  • 500мл. слатка павлака
  • 200гр. бисквити (по желба)

Начин на подготовка:

Направете го пудингот со целото млеко. Пудинг смесата поделете ја на два еднакви дела, па во едниот дел ставете млечно, а во другиот бело чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се стопи. Потоа, оставете ги смесите да се изладат.



Изматете ја слатката павлака, па ¼ од добиената смеса истурете ја во двете смеси. Во тркалезен калап ставете фолија на дното и од страните, па истурете ги црната и белата смета. Малку измешајте ги за да се формираат црно-бели шари. Потоа додавајте го остатокот на слатката павлака, па повторно чоколадото на ист начин со промешување.

Бисквитите натопете ги во млеко и редете ги врз смесата. Потоа преку колачот ставете фолија и ставете ја во фрижидер добро да стврдне. По неколку часа, извадете ја тортата од фрижидер, превртете ја на некоја тркалезна чинија, така што бисквитите да дојдат на дното и извадете го калапот.

Милка тортата можете да ја декорирате по ваша желба. Уживајте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби