Нешта кои го прават несреќен во бракот

Гледајќи низ аголот на понежниот пол, многу жени го застапуваат гледиштето дека еднаш кога ќе влезе во брак, нивниот сакан треба да им каже збогум на пријателите, излегувањата, хобито и да го посвети своето време на сопругата и семејството.

Сепак, дали тоа е вистинскиот пристап доколку сакате да го задржите партнерот крај себе?

Преземање контрола врз неговиот живот

Ниту еден маж не може да биде среќен во бракот без малку личен простор и доверба, па токму затоа не ретко се случува мажот да започне да се чувствува лошо откако жената ќе посака да воспостави целосна контрола врз неговите активности. Затоа кога ќе реши да излезе со пријателите или пак едноставно да си посвети малку повеќе време на себе си, не реагирајте како тоа да е крај на светот туку пуштете го да биде свој. Впрочем тоа човекот во кој сте се заљубиле?

Голема е веројатноста во врската во која жената ќе реши да му ги скрати крилата на мажот да биде осудена на пропаст. Припадничките на понежниот пол имаат тенденција својот интересен маж да го претворат во здодевен папучар кој ќе седи дома и ќе чува деца бидејќи се надеваат дека на тој начин никој нема да им го украде. Сепак, наметнувајќи ги овие ограничувања не се свесни дека полека, но сигурно го претвораат својот сакан во незадоволна личност на која наскоро сè ќе и дојде преку глава.

Жена - маж и обратно

Точно е дека мажите и жените се еднакви, но тоа не значи дека во определени ситуации жената треба да се однесува како маж и мажот како жена. Не ретко жените ја губат женственоста и започнуваат да се однесуваат мажествено, да наредуваат, да доминираат во одлуките, да потенцираат дека заработуваат повеќе и да го потиснуваат партнерот во ќош. Кога тој не може да направи ништо за својата сакана бидејќи таа може сè сама, започнува да се чувствува отфрлено.

Менување на карактерот

Сите имаат мани кои што можеби не си се допаѓаат, но решаваме да ги толерираме. Доколку постојано се обидувате да го смените карактерот на партнерот, тогаш проблемот можеби не е во него, туку во вас. Ниту една врска не функционира на принципот „ќе го земам и ќе го „поправам“. Ако постојат нешта со кои што мислите дека нема да можете да се справите, а се својствени за саканиот, не се надевајте на тоа дека откако ќе стапите во брак ќе ги промените. Жената може да го промени карактерот на својот маж, само доколку му дозволи да биде свој.

Пресилната критика ја убива машкоста

Секоја успешна и мудра жена ја цени машкоста на својот партнер и знае дека истата е неопходна за љубовта и среќата во семејството. Понекогаш нештата не одат по планот и неуспесите стануваат дел од секојдневието. Сепак, тоа никогаш не е доволно добра причина да го наречете својот сакан „слабак“, „неспособен“„губитник“ и слично. Затоа добро мерете ги своите зборови и внимавајте како се однесувате. Наместо постојано да критикувате некоја ситуација или навика обидете се да на друг начин да изнајдете решение за проблемот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби