Дванаесет работи на кои треба да се потсетите денес

Можеби не ја сакаме секоја ситница поврзана со нашиот живот, но длабоко во себе ја сакаме и цениме неговата магија. Еден дел од нас, сместен некаде длабоко, верува дека навистина сè е можно. Но, за жал имаме и такви денови кога воопшто не и’ веруваме на нашата способност.



Проблемот лежи во тоа што одбираме да мислиме поинаку. Одбираме да мислиме дека не сме во состојба да го живееме животот како што сакаме да го живееме, во целиот потенцијал. Ја прифаќаме нашата реалност врз основа на тоа што ни го кажуваат другите.

Разбудете се!

Никој од нас не мора да си го прави тоа. Имаме избор. Не мора да им се допаднеме на сите. Зошто малку да не ги разубавиме работите и да живееме според подобри правила?

Време е да се потсетите на неколку клучни вистини, токму сега и секој иден ден:

1. Денеска може да биде одличен ден, ако вие така решите.

Зошто често се чувствуваме толку немоќно? Затоа што самите се убедуваме дека сме немоќни. Чекаме работите да ни дојдат на подарок.



Но, во животот нема вистински права, вистина е дека ако нешто сакаш мораш сам и да си го овозможиш. Мораш да работиш за да го оствариш тоа. Дали денот е добар или лош не зависи од времето. Не зависи од вашето расположение, тоа исто така е под ваша контрола. Не зависи од никој друг.

Ако сакате да имате пријатен и продуктивен ден тогаш овозможете си го. Се зависи од вашата перцепција и за тоа што вие ќе изберете да правите и во што да верувате.

2. Постојат многу нешта кои можете да ги контролирате.

Постојат многу работи во животот кои се надвор од вашата контрола, но ова нека не ве лаже па да мислите дека вашиот цел живот е надвор од ваша контрола. Вистина е дека животот кој го живеете е ваш дизајн.

Сте направиле многу мали одлуки кој ве одвеле на патот по кој моментно одите. Да се мисли дека вашиот живот е надвор од вашата контрола е кукавичлук, тоа е нешто во што другите сакаат да верувате, да можат полесно да ве натераат да го правите она што тие го сакаат.

3. Не ви треба нечие константно одобрување.

Потребата за одобрување е како зависност. Ако сите ваши постапки ги темелите на одобрување од другите, на крај ќе сфатите дека се вртите во круг и ја жртвувате вашата среќа. Не го ставајте клучот на вашата среќа во џебот на некој друг.



Научете да им кажете не на луѓе и за обврски кои немаат вредност во вашиот живот. Вашето време на оваа планета е драгоцено. Како што вели поговорката: Она што го правите денеска е важно, бидејќи за тоа давате еден ден од својот живот.

Не чекајте некој друг да ви дава дозвола да живеете.

4. Приговарањето е непотребно ако не можете да смислите решение.

Не бидете некој кој постојано приговара. Не ви помага ни вам, а сигурно нема да помогне ни во вашите односи. Ако не сте задоволни со својата моментна состојба, работете на тоа да ја промените, но немојте само да седите и да се жалите.

Приговарањето само ќе ги избрка другите луѓе подалеку од вас. Бидете некој кој ја гледа позитивната страна на состојбите. Ако наидете на проблем кој треба да се реши, бидете човек кој ќе понуди решение.

Заклучок е дека никогаш нема да го постигнете тоа што го сакате ако се жалите на состојбата во која сте сега. Секој чекор во животот ве подготвува за некои идни состојби.



5. Успехот е стил на живот, не резултат.

Сите сакаме да постигнеме успех, но мора да запаметиме дека успехот не е одредено постигнување. Успехот не е премин преку некоја замислена линија. Тој е способност ден за ден да се води добра борба.

Успехот е сила, сила да се продолжи понатаму и да се живее животот според свои правила. Успехот не е краен резултат. Тој е состојба на умот. Не можете да го добиете успехот.

Вие сте успех, секој ден.

6. Фактот дека не сте се откажале е успех сам по себе.

Можеби ова ви пружа мала утеха, бидејќи сте се уште длабоко во борба, но вистината е дека вие сте еден од најсилните луѓе кој има сила да продолжи. Многу луѓе се откажуваат пред воопшто да почнат, но не и вие. Не, вие се будите секој ден и ги вршите обврските.

Ползите сантиметар по сантиметар против моментната состојба затоа што не се откажувате. Одбивате да прифатите просечност. Одбивате да ги слушате другите кога ви велат дека не сте доволно добри. Се уште сте тука водите добра борба.



7. Во секоја тешка состојба, прво обидете се со љубезност.

Луѓето можеби даваат лоши коментари. Авикомпанијата може да го загуби вашиот багаж. Некој возач може да ве претекне во метежот.

Овие работи се случуваат секојдневно. Прашање е како ќе реагирате? Иако вашата прва реакција како и на многу други би била да се изнервирате, зошто да не пробате поинаков пристап? Лутината во вакви состојби не го решава проблемот.

Луѓето најчесто прикладно ќе одговорат на љубезност. Може да бидете љубезни и решителни во исто време. Искажете ги своите желби без влијание на својот интегритет. Тоа е единствен одговор поради кој подоцна нема да зажалите.

8. Насилниците и „цицачите на енергијата“ не се вредни да се нервирате за нив.

Некогаш дозволуваме погрешни луѓе да заземаат премногу простор во нашите мисли и во нашето срце. Секојдневно запознаваме насилници „цицачи на енергија“, посебно кога живееме во голем град или работиме во голема корпоративна средина.

Овие индивидуалци ќе се обидат да дојдат до вас, ќе се обидат да влијаат врз вас и да станат дел од вашиот живопт бидејќи нивниот живот им е здодевен. Веќе го затруле својот живот и сега ќе се обидат да го затрујат и вашиот.



Не им го дозволувајте тоа.

9. Ако некој ве навреди, не го земајте тоа лично.

Вистина е дека ако некој ве навреди најверојатно е дека тој некој и самиот бил повреден. Според тоа, потрудете се тоа да не го земате на срце. Не дозволувајте комплиментите да ви ја заматат главата и не дозволувајте навредите да ви го поматат срцето.

Многу луѓе можат да дадат на другите само она што и самите го примиле. Сите ваши постапки и зборови треба да доаѓаат од срце, но нема сите исто да возвратат и тоа е во ред. Кога не земате се лично, вие се ослободувате.

Можете да се отворите кон светот, слободно, не мора да бидете загрижени околу туѓите ставови и осудувања.

10. Вашето свесно присуство е важно.

Додека модерната технологија може да го промени вашиот живот на многу корисни начини, постои аспект од оваа технологија која влијае негативно на нашиот живот и нашите односи.

Не бидете толку зависни од екраните, па да пропуштите можбности да уживате во животот кој се одигрува пред вас. Научете да се исклучувате. Научете да успорите. Дајте ил го на луѓето своето цело и неподелено внимание.



Не барајте безумни стимулации на екраните без причина, пренасочете се на негување на вистински човечки односи.

11. Добрите работи во животот брзо завршуваат кога не се ценат доволно.

Не обидувајте се да кажете дека ценењето на добрите работи не е во човечката природа, но нашите умови често знаат да мислат дека тревата на другата страна е по зелена. Но, мора да се потсетиме дека смислата на животот не е константна надоградба на нештата.

За да живееме среќен и исполнет живот мора да научиме да го цениме и сакаме она што го имаме. Ако се вљубите, направете се во ваша моќ да ја негувата таа љубов. Не чекајте работите да завршат пред да почнете да ги цените.

12. Денешниот ден е благослов.

Размислете колку луѓе умираат секој ден, секоја минута, тогаш ќе почнете да сваќате дека будењето секое утро е благослов. Не живееме во свет на вечен мир, туку делумно се наоѓаме во целосен хаос. И пред се, несреќи се случуваат и луѓето се навистина повредени и умираат поради тоа.



Добивањето на уште еден ден за дишење, за искусување на животот и за вршење на нешто значајно е најдобар подарок кој некој може да го прими.

Искористете го денешниот ден!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби