5 големи грешки со кои си ја уништуваме косата

Колку пати сте се забележале дека косата ви е за никаде и дека влакната ви се кршливи и суви и ви стрчат од главата? Еве кои се најголемите и најчестите грешки со кои си ја уништувате косата:



Грешка: Ја сушите со крпа

Крпите се доволно меки за нашата кожа, но сепак се премногу груби за косата. Заради тоа немојте да ја триете водената коса со крпа, туку само лесно завиткајте ја во неа за да се исцеди. Лесно тапкајте додека не го го извлечете вишокот вода од косата.

Грешка: Користите пластична четка

Бирајте ги оние четки со природни влакна, бидејќи таквите ја штитат косата. Исто така, тие ја расплеткуваат косата, за разлика од пластичните, кои ја заплеткуваат и така полесно ја кршат.



Грешка: Не ја контролирате јачината на фенот

Експертите велат дека идеално за нашата коса е пред да почнеме да ја сушиме со фен, малку да ја оставиме да се подзасуши на воздух. Потоа, фенот треба да го поставите на најслаба јачина и за време на сушењето да го држите 15 сантиметри подалеку од косата. Така ќе ја зачуваме косата убава и здрава, без да ја изложуваме на непотребна врелина од фенот.

Грешка: Го следите правилото 100 потези со четката

Заборавете го стариот мит според кој пред спиење треба да поминеме со четката низ косата 100 пати, бидејќи на тој начин ќе ги распространиме природните масла по неа кои се лачат на темето, правејќи ја посјајна. Реалноста е дека доколку се изложувате на овој „третман“, ќе предизвикате нејзино кршење. Расчешлувајте ја во што помалку потези.

Грешка: Премногу ја стегате косата кога ја врзувате во опавче



Кога ја правите оваа популарна фризура, задолжително малку разлабавете ја косата и немојте премногу да ја стегате со ластичето. Токму истото е еден од најголемите виновници за кршливост на косата, а соучесници му се сите фризури заради кои косата подолго време мора да ви биде затегната, како што се плетенките или пунџите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби