Шест решенија за најбезболно носење на чевли со високи потпетици

Колку и да сакаат да ги носат, многу жени се откажуваат од високи потпетици бидејќи не можат да ја трпат болката во нозете кои тие често ја предизвикуваат.

Но, одлична вест е дека ниту една жена повеќе нема да мора да се откажува од овие секси чевли, бидејќи има шест универзални решенија за најбезболно носење на чевли со високи потпетици.

1. Залепете ги прстите со фластер

За да го намалите притисокот од делот на табаните под прстите, третиот и четвртиот прст заедно залепете ги со фластер. Овој трик делува, бидејќи меѓу тие два ножни прста се наоѓа нерв, а фластерот минимализира каков било  напор при одењето на високи чевли.

2. Испрскајте ги нозете со дезодоранс

И најмала количина на пот, носењето на високи чевли може да го направи неподносливо, па за да спречите потење на стопалата, пред да облечете чевли испрскајте ги нозете со дезодоранс, т.е. антиперспирант.

3. Лесно поминете по ѓонот со шмиргла

Ѓонот на новите чевли се лизга? За да создадете лажна рапавост, лесно поминете по ѓонот со шмиргла.

4. Користете вреќички со чај

Против непријатниот мирис на чевлите користете искористени вреќички од чај. Исушете ги и ставете ги да стојат во чевлите 24 часа.

5. Проширете ги чевлите со мраз или фен за коса

Ако чевлите ве стегаат можете да се обидете со две решенија. Првиот е пластични вреќички за замрзнување да ги наполните со вода и да ги пикнете во предниот дел на чевлите. Чевлите ставете ги во замрзнувач да стојат преку ноќ. Како што ќе се смрзнува водата така чевлите ќе се прошират.

Второ решение е да облечете два, три пара чорапи или еден пар дебели волнени чорапи, облечете ги чевлите и со фен за коса дувајте во делот каде ве стегаат. Притоа, виткајте ги и помрднувајте ги нозете, чевлите да се обликуваат според стопалото.

6. Користете перничиња на предниот дел од табаните

Делот на стопалото кое при носење на чевли со високи потпетици најмногу боли, делот од табаните под прстите, олеснете го така што во чевлите ќе ставите меки перничиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби