ДА или НЕ? Сè што треба да знаете за женската чашка

Иако веќе со години се присутни низ целиот свет, менструалните чашки сè уште не се толку популарни кај нас. Но, во последно време се повеќе позитивни информации и искуства се добиваат за овој производ, кој денес може да се купи во сите аптеки.

Доколку сакате да дознаете повеќе за овој производ, ви даваме одговор на некои од најчестите прашања.



Менструалната чашка претставува садче со форма на ѕвонче, кое е малку поголемо од тампонот, направено од мазен медицински силикон кој во текот на менструацијата се вметнува во вагината, со цел да ја собира менструалната крв, што е спротивно од тампоните и влошките, кои се создадени да ја впиваат крвта.

Овој производ доаѓа во две големини: за жени кои не родиле и/или кои се помлади од 30 години, како и за оние кои родиле и/или се постари од 30 години.

Како се користи?

Чашката се притиснува со прстите, па превиткана на половина се вметнува во вагината. Кога ќе ја пуштите, таа ќе се рашири и ќе се приспособи на вагината и на тој начин ќе биде поставена да ја собира менструалната крв. Доколку чашката е правилно поставена, истата нема да пропушта крв, а не шири ниту непријатна миризба. Кога ќе се наполни, треба да ја испразните директно во WC шолјата, да ја измиете со топла вода и да ја вратите на ист начин.

Какво е чувството да се оди и да се седи со вметната чашка?

Откако ќе го совладате нејзиното ставање, чашката не би требало ни да ја почувствувате. Истата не предизвикува никаква иритација ниту непријатно чувство, а може да се носи и за време на секаква физичка активност, па дури и на пливање или јога.



Колку често треба да се празни?

Зачестеноста на празнењето зависи од големината на чашката (која рековме дека доаѓа во две големини) и интензивноста на крварењето. Чашката може да прими три пати повеќе менструална крв од тампонот, што значи дека за време на обилно крварење, треба да ја празните на секои 5 часа, а во помирниот дел од циклусот најдолго до 12 часа.

Кои се маните на менструалната чашка?

Оваа чашка, исто како и тампонот, треба да научите да ја ставате. Иако процесот не е комплициран, потребно е да вложите малку труд, бидејќи доколку чашката не легне убаво на позицијата, може да дојде до нејзино прелевање. Нејзиниот најголем недостаток е тоа што (заради празнењето на крвта и миењето), не е практична ниту погодна за употреба надвор од домот. Но, од друга страна пак, доброто кај неа е што не мора често да се празни.

Кои се предностите?

За разлика од влошките и тампоните, кои може да предизвикаат габични инфекции, иритација и развој на бактерии, чашката е потополно сигурна и нема никакви нус појави, сè додека ја фаќате со чисти раце. Исто така, не ја суши матката и не е потребно да ја вадите за време на извршување на мала или голема нужда. Не е штетна за околината, а со оглед на тоа што е трајна, значајно е поефтина од другите опции.



Какви се коментарите од жените кои ја користат?

Најголемиот дел од искуствата со менструалната чашка ширум светот се многу позитивни. Повеќето од жените кои ја имаат користено менструалната чашка, никогаш не се враќаат на влошките и тампоните.

Важни напомени!

Менструалната чашка не штити од бременост и од полово преносливи болести

Жените кои имаат вметнато спирала во матката, можат нормално да ја користат чашката, но треба да внимаваат на конците.

Не е наменета за жени со зачувана невиност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби